Министерство за култура утре ќе го објави конкурсот за проекти за „Нов културен бран“

Министерството за култура на Република Македонија утре ќе го објави првиот конкурс за проекти на новиот состав на Министерството за реализирани на манифестацијата „Нов културен бран“.

Како што соопштуваат денеска од Министерството за култура, документите за поднесување на апликации ќе бидат достапни за сите заинтересирани страни и за јавноста утре на веб страницата на Министерството, како и преку објави во медиумите согласно законските побарувања.

Новиот културен бран ќе се одржува од крајот на август 2017 до крајот на октомври 2017, односно сè до исцрпување на средствата за реализација на манифестацијата.

Целта на манифестацијата е да се обезбеди деметрополизација и децентрализација на културата, дисперзија во локалните средини и збогатување, омасовување и раздвижување на културната понуда во сите региони на Македонија.

- За разлика од претходниот пристап со манифестацијата „Топол културен бран“ на која право за аплицирање со проекти за културни настани имаа само општините, со овој повик, право на аплицирање со проекти и идеи за Новиот културен бран ќе имаат здруженија на граѓани, асоцијации, чадор - организации, неформални групи и автори од областа на културата и уметноста, кои ќе треба да понудат квалитетна, естетско - профилирана и вредносно издржана понуда, со која ќе внесат посвежи идеи и поиновативни пристапи во креирањето на културата, како и нови и современи форми во создавањето и презентирањето на културниот и уметничкиот продукт, истакнуваат од Министерството.

Додаваат дека иако се соочуваат со сериозни финансиски проблеми и големи долгови, за потребите на манифестацијата Министерството има обезбедено скромен, но сепак значаен иницијален буџет од 10 милиони денари. - Свесни дека овие средства нема да успеат да ги задоволат целосно потребите и визиите на манифестацијата, упатуваме апел до домашните и меѓународните донатори, фондации, здруженија, до бизнис секторот, формалните и неформалните иницијативи, уметниците, да се вклучат во Новиот културен бран и да ја помогнат неговата реализација. Подготвени сме, заедно со сите кои ќе изразат подготвеност за придонес, заедно да ја дизајнираме и менаџираме манифестацијата, и да овозможиме пристап и учество во културните активности за сите граѓани, култура до сите и за сите, без оглед на припадноста и живеалиштето, стои во соопштението.

Конкурсот за манифестацијата Нов културен бран ќе се одвива во две фази. Во првата фаза, ќе се распише конкурс за проекти кој ќе трае до средината на август 2017, за настани и проекти чијашто реализација пред публиката треба да започне на почетокот на септември 2017. Потоа, со остатокот од средствата од иницијалниот буџет и останати средства, појаснуваат во соопштението, кои ќе се обезбедат од други донатори, преку форма на аплицирање за ад-хок грантови, ќе се финансираат проекти за организрање културни настани во рамки на Новиот културен бран, сè до целосно потрошување на обезбедените средства. /МИА


Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер