Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
КултураМинистерство за култура: Усогласените плати со минималнaта плата ќе донесат поголеми резултати За непречено постапување по препораките на УНЕСКО за зачувување на Охридскиот Регион, формиран е новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО, како и Националниот совет за културно наследство.Во првите 100 дена од работата на овој состав на Владата на Република Македонија, Министерството за култура продолжи континуирано да ги спроведува политиките за заштита на културното наслесдство, како и за одржување високо ниво на уметничките содржини на институционално и на вонинституционално ниво. Во нормативниот дел, со денешната јавна расправа за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, се заокружува предлог-текстот кој е усогласен со директивите на ЕУ, и продолжува во владина и собраниска процедура за негово донесување. На барање од пошироката културна јавност, беше повлечен Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата и беше формирана работна група која ќе работи на унапредување на предлог-текстот, во насока на имплементација на забелешките и создавање поволен амбиент за остварување на дејностите во културата. За непречено постапување по препораките на УНЕСКО за зачувување на Охридскиот Регион, формиран е новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО, како и Националниот совет за културно наследство. Со особена грижа се поддржува меѓународното претставување на земјава преку содржините во културно-информативните центри надвор од Македонија, и со присуството на големите фестивали, како што беше и последната успешна изложба на Венециското биенале на уметноста. Во капиталните инвестиции се распределени 536 милиони денари, а се работи на изградба на нови објекти и реконструкција на стари, како што се: Турскиот театар; Театарот и Библиотеката во Тетово; центрите за култура во Куманово и во Прилеп; реконструкцијата на покривите на МСУ и на НУБ „Св. Климент Охридски", а во завршна фаза се и проектите за реконструкција на објектите на Музејот на Македонија и на „Мала станица". Во овие 100 дена на Владата на Македонија беа усогласени платите во културата со минималната плата, со што се доби соодветна валоризација на трудот на вработените и на уметниците. Министерството за култура и Владата се уверени дека тоа ветува врвна продукција, засилена заштита на културното наследство и високи резултати во институционализираната култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрогаНа ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градовиВо Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови. Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур. Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении. Hélas, j’avais vu juste : la France dérive dangereusement vers la faillite et le chaos. https://t.co/D7lQ064dTO — Julien PERIER (@JulienPERIER_83) October 17, 2026 Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар редОд информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter