Министерство за култура: Од вкупно 123 институции, изработени се плати за 115 институции - Канал 5

Министерство за култура: Од вкупно 123 институции, изработени се плати за 115 институции

Министерството за култура и туризам информира дека од вкупно 123 институции од областа на културата, изработени се платите на вработените од 74 национални и 49 локални.

Министерство за култура: Од вкупно 123 институции, изработени се плати за 115 институции

Оттаму потенцираат дека не се точни обвинувањата на Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) дека Министерството не ги изработило платите на локалните институции.

- Министерството за култура и туризам веднаш ги пресметува платите онака како што се доставуваат од страна на општините и истиот ден ги носи на исплата во Министерството за финансии. Ве информираме дека Градот Скопје за установите што се под негова надлежност: Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Дом на културата „Кочо Рацин“, Зоолошка градина – Скопје, Детски културен центар – Карпош, Универзална сала, Младински културен центар – Скопје, Музеј на Град Скопје и Културно-информативен центар – Скопје, сѐ уште немаат доставено до Министерството за култура и туризам комплетна документација за пресметка на платите, се вели во соопштението на Министерството.

Како што потенцираат, веднаш штом ќе се доставена комплетната документација за плати од страна на Градот Скопје, Министерството за култура и туризам ќе ја обработи и достави до Министерство за финансии за исплата.

-Од овие причини реакцијата на СКРМ ја сметаме за тенденциозна и неаргументирано насочена кон Министерството за култура и туризам и кон министерот Зоран Љутков, посочуваат во нивното соопштение.

Поради доцнење со исплатата на плата за март, Синдикатот на културата (СКРМ) на 22 април одржа протестен совет пред Министерството за култура. Претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.

Поддршка на СКРМ и на културните работници дадоа и од Сојузот на синдикатите на Македонија.

За време на собраниската седница посветена на пратенички прашања, минатата недела министерот за култура и туризам, Зоран Љутков порача дека го решиле проблемот со исплата на платите и оти конечно е направена достојна и законска пресметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот.

Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката.

Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите.

Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата.

Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување.

„Тоа беше неверојатна ноќ“ .

Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“.

Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна.

Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата.

Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс.

Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер