АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари
2АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
КултураМинистерство за култура: Издавањето на бесплатната електронска верзија на Правописот уредено со договорМинистерството за култура денеска соопшти дека објавувањето на бесплатната електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик е уредено со договор, потпишан меѓу Националната и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ и авторите, преку нивниот полономошник и член на редакцијата, професорот д-р Живко Цветковски. - Имајќи предвид дека коиздавачите на книжното издание, ИК „Култура“, Институтот за македонски јазик и авторите на книжното издание побараа да се откупат 2.500-те примероци („Култура“ 2.000 и 500 Институтот), овој откуп е регулиран во договорот на кој потписници се четири страни: НУБ, Институтот, застапникот и полномошникот на авторите и Издавачката куќа „Култура“, се вели во соопштението од Министерството за култура. Со Договорот, како што се наведува, се регулираат следните меѓусебни обврски и права: НУБ од авторите го доби правото за електронско издавање на Правописот и за тоа ќе исплати средства на ИК „Култура“ и на Институтот во висина на бараниот износ за откуп на книжните изданија. Со склучувањето на овој договор авторите му даваат на Издавачот на електронското издание „Правопис на македонски јазик“ исклучиво, неограничено право да го стави на располагање на јавноста делото во електронска форма, за понатамошно некомерцијално користење. Издавачот на електронското издание „Правопис на македонски јазик“ ќе го направи делото достапно во форма во која е доставено, односно со текст, табели, графика, слики и слично, но со технички прилагодувања кои се сметаат за неопходни за објавување на делото на интернет. На веб страницата www.pravopis.mk, сопственост на издавачот на електронското издание НУБ, јасно се наведени имињата на авторите и коиздавачите и на книжното издание, како и иницијаторите и издавачите на електронското издание. Во интернет акцијата за промоција на електронското издание на Правописот како јавно добро доброволно учествуваа многу граѓани, претставници на институции, граѓански организации, лингвисти, лектори и други општествено активни индивидуи. Министерството за култура им се заблагодарува на сите вклучени страни кои овозможија овој документ да стане достапен до сите граѓани и со тоа да ја извршува својата основна функција при зачувување и унапредување на македонскиот јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за МакедонијаВласта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за Македонија. Власта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за Македонија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е задоволен од извештајот во делот на усогласеноста со надворешната и безбедноста политика на ЕУ. Според шефот на дипломатијата покрај надворешната политика позитивно се оценети и зголемената одбранбена подготвеност, поддршката за Украина, како и активниот ангажман во Обединетите нации, Советот на Европа и ОБСЕ. -Европската комисија оценува дека ваквата усогласеност испраќа силен сигнал за нашиот стратешки избор за членство во Унијата и ја потврдува државата како доверлив партнер. Воедно, нотира дека препораките од минатата година се во голема мера спроведени и дека продолжува активниот политички дијалог со ЕУ за надворешни и безбедносни прашања, оцени Муцунски. За разлика од власта, од опозицијата извештајот на ЕК го оценија како катастрофален. Според СДСМ европскиот пат е закочен, нема никаков напредок во борбата против корупцијата, судството е под политичка опсада и без пари, со зголемен медиумски притисок. - Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, а корупцијата го јаде обвинителството, го јаде судството, го јаде општеството во целост. Имаме нула напредок во седум области. Меѓутоа, она што посебно загрижува е што најважниот кластер е Кластерот 1, тој се однесува на темелите и директно ги набележува недостатоците или немањето каков било резултат на оваа влада, изјави Андреј Жерновски. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Жерновски е човек кој има партиска титула меѓународен секретар, а не знае што се случува ниту во Европа ниту во светот. Во однос на годишниот Извештај на ЕК за Македонија, според владејачката партија јасно стои дека постигнат е значителен напредок во клучни области, дека зголемена е подготвеноста за членство во ЕУ и нотирани се позитивни оценки за Реформската агенда. Загриженост од извештајот изразија и од ДУИ. Според нив земјата назадува во реформите, заостанува на патот кон ЕУ и се соочува со сериозни проблеми во функционирањето на институциите. - За првпат, конкретните проблеми со спроведувањето на употребата на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност заземаат толку јасно место во оценката на Европската комисија. Ова е најтешката политичка последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН: прашањата на еднаквоста, кои требаше да бидат неспорни институционални гаранции, денес се претворија во европска загриженост, велат од партијата на Ахмети. Тагови: Извештај на ЕП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денариРедици уште од раните утрински часови, нервоза и негодување, засилено полициско присуство, а во неколку наврати и интервенции на Брза помош. Ваква беше сликата пред главната експозитура на АЛТА банка во Битола, која од денеска ги отвори вратите за шалтерска исплата на средства до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Но, иако шалтерите повторно работат, граѓаните се жалат дека пристапот до сопствените пари не оди подеднакво лесно. Исплатата се организира преку СМС-пораки со известување за точниот датум и време на доаѓање. Дел од повозрасните граѓани велат дека воопшто немаат мобилни телефони, други дека не добиле известување, додека има и такви кои, иако дошле без СМС-порака, успеале да завршат работа за дваесетина минути. Иако беше најавено дека покрај пензионерите, приоритет при исплатата ќе имаат и корисниците на социјална помош, дел од нив се пожалија дека денеска не успеале да ги подигнат средствата. Од Народната банка информираат дека шалтерите ќе останат отворени и ќе работат во две смени, вклучително и во сабота, со цел да бидат услужени што поголем број граѓани. Според најавите, вакви шалтери наскоро ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица. Иако стравувањата на штедачите ги оцени како оправдани, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика на смиреност, уверувајќи дека банкарскиот сектор во земјава е сигурен и дека случајот со АЛТА, како банка со мал удел во секторот, не претставува закана за неговата стабилност. Во однос на изјавата на гувернерот дека пред влезот на АЛТА банка на македонскиот пазар биле консултирани повеќе владини претставници, Кочоска демантира дека Министерството за финансии било дел од тие разговори. -Не знам... гувернерот не сум го ни слушнала кога го кажал тоа, но ние како Министерство за финансии не сме имале апсолутно никаква комуникација. Ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаеме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани, така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии апсолутно немало никаква комуникација со гувернерот по однос на ова прашање,-Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии. Лидерот пак на СДСМ Филипче на социјалните мрежи објави дел од записник од владина седница од 23 септември 2025 година, во кој според него, се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката Димитриеска-Кочоска. Тој тврди дека ова покажува дека министерката била информирана за постапката и побара нејзина оставка, но и истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за проверка на текот на парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзвештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски Вчера објавениот Извештај на Европската комисија попладнево пристигна во Владата.. Евроамбасадорот Рокас му го врачи документот на премиерот Мицкоски.На прес-конференцијата, двајцата ги презентираат клучните наоди и забелешки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00