Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
МакедонијаМинистерство за енергетика: Стабилизирани цените на горивата – Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијатаМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација.Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат: - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 95,50 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 92,00 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 47,610 (денари/килограм) Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше значително поскапување за граѓаните и стопанството. „Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните.“ Во услови на силен раст на цените на светските пазари во изминатиот период, Владата донесе клучна мерка: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% Оваа мерка, која ќе важи во наредните две недели со можност за продолжување, обезбеди директно намалување на цената за 6 до 7 денари по литар, како и спречување на дополнителен ценовен удар. Според анализите, без интервенција, цената на бензините ќе се зголемеше за околу 6,5 денари по литар, а дизелот за над 10 денари, што ќе предизвикаше сериозен притисок врз транспортот, услугите и цените на основните производи. „Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања – од горивата до храната и услугите.“ нагласи Божиновска. Министерството нагласува дека изборот на мерката – намалување на ДДВ – е направен врз основа на нејзиниот директен и брз ефект врз крајната цена, за разлика од други инструменти кои бараат подолги процедури и имаат ограничен ефект. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, надоврзувајќи се на мерката од 13 март со која компанијата ОКТА овозможи попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини за трговците, е во континуирана и интензивна комуникација со компанијата за можностите за дополнително зголемување на овој попуст. Имајќи предвид дека иницијалната мерка веќе создаде простор дел од олеснувањето да се пренесе кон крајните потрошувачи и придонесе за ублажување на ценовниот притисок, во тек се разговори за нов пакет на услови со кои би се постигнал уште посилен ефект врз стабилизацијата на цените на горивата, особено кај дизелот. Во таа насока, се очекува дополнителен придонес и од малопродажните трговци, со цел попустите во целост да се рефлектираат во цените за граѓаните. Паралелно, активно се работи и со сите економски оператори на пазарот, при што се очекува одговорно однесување и конкретни чекори за дополнително ублажување на ценовниот притисок. „Во време на криза, одговорноста е заедничка – и на државата и на компаниите“, потенцира Божиновска. Министерката Сања Божиновска истакна дека државата успешно се справува со предизвиците од глобалната енергетска криза предизвикана од воените случувања во Заливот, при што снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. Таа нагласи дека е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, а сите надлежни институции се координираат редовно со цел навремена и ефикасна реакција на секоја новонастаната ситуација. Државните резерви се стабилни, пазарната инспекција врши засилени и редовни контроли, а според информациите, сите економски оператори располагаат со законски задолжителните петдневни резерви. Дополнително, непречено функционира и продуктоводот Скопје–Солун (ВАРДАКС), кој значително ја зајакнува сигурноста на снабдувањето и овозможува континуиран и стабилен дотур на горива на домашниот пазар. Министерството за енергетика континуирано ја следи состојбата на домашниот и меѓународниот пазар и е подготвено да реагира навремено со дополнителни мерки, меѓу кои: дополнително намалување на ДДВ, доколку е потребно интервенции во трговските маржи користење на државните резерви други фискални и регулаторни инструменти, согласно развојот на состојбата Во овој момент, Македонија останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што дополнително ја потврдува ефикасноста на преземените мерки и стабилноста на енергетскиот систем. Министерството уверува дека приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: горивата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од ЕвропаСојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс. Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски. Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски. „Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ. Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето. Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога. Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПред половина век, „Porsche“ имаше амбициозен план: Да направи автомобил што нема да се расипува„Porsche FLA“ имаше 74 коњски сили и предвиден животен век од 300.000 километри.Со текот на времето, автомобилите се абат и завршуваат на отпад. Сепак, пред повеќе од половина век, „Porsche“ веќе истражуваше начини како да им го продолжи работниот век. Еден од најневообичаените резултати од ова истражување беше концептот „Forschungsprojekt Langzeitauto (FLA)“, претставен во 1973 година. Проектот беше инициран по студијата од 1972 година насловена „Границите на растот“ (The Limits to Growth). Студијата го предупреди светот за ограничените природни ресурси и последиците од неконтролираниот индустриски развој. Со поддршка на германското Сојузно министерство за истражување и технологија, „Porsche“ разви автомобил дизајниран да помине најмалку 300.000 километри и да трае 20 години. Тоа беше приближно двојно повеќе од очекуваниот животен век на еден просечен автомобил во тоа време. Интерно означен како „Type 1989“, моделот „FLA“ беше претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1973 година, иако никогаш не беше наменет за масовно производство. Издржливост пред перформанси „FLA“ изгледаше сосема поинаку од спортските автомобили по кои „Porsche“ беше познат. Имаше компактни димензии на мал семеен автомобил и необична, делумно отворена структура која ја откриваше неговата основна конструкција. Инженерите ставија посебен акцент на заштитата од корозија и долгорочната издржливост. Каросеријата вклучуваше алуминиум и нерѓосувачки челик, додека вратите поседуваа заштита од странични удари. Меѓу значајните карактеристики беа стаклото отпорно на гребење, електричните контакти обложени со сребро, акумулаторот што не бара одржување и модуларниот електричен систем дизајниран да ги поедностави идните поправки. Поголемите резервоари за масло и филтрите беа наменети за намалување на абењето и продолжување на интервалите за сервисирање. Мотор со 74 коњски сили и автоматски менувач За погон беше избран 2,5-литарски, четирицилиндричен „боксер“ мотор со воздушно ладење, поставен зад задните седишта. Развиваше моќност од само 74 коњски сили, со максимален број на вртежи на моторот од 4.000 во минута. Моторот беше поврзан со автоматски менувач со три брзини. Скромната моќност беше намерна: целта беше да се намали механичкото оптоварување и да се продолжи животниот век и на моторот и на менувачот. Според проценките на „Porsche“, сериската верзија би чинела околу 30 проценти повеќе од типичен автомобил од тоа време, но за возврат, би траела двојно подолго. Сепак, една идеја сепак стигна до сериско производство Иако „FLA“ никогаш не стана сериски модел, истражувањето не беше залудно. Едно од најзначајните решенија беше примената на топло поцинкување за заштита на каросеријата. Почнувајќи од 1975 година, „Porsche“ почна да користи поцинкувани каросериски панели за моделот „911“, со што значително се подобри неговата отпорност на корозија. Подоцна беше воведена и шестгодишна гаранција за каросеријата. Интересно е што уште во 1967 година, „Porsche“ експериментираше со каросерија од нерѓосувачки челик за моделот „911 S“. Повеќе од пет децении подоцна, идеите промовирани преку „FLA“ повторно станаа актуелни: зачувување на ресурсите, рециклирање, полесно поправање и продолжување на животниот век на автомобилите. Во 1994 година, „Porsche“ претстави уште еден необичен концепт – „C88“, едноставен и достапен седан развиен за кинескиот пазар. Наместо култниот амблем на „Porsche“, автомобилот имаше специјално дизајниран знак на кој беше прикажано тричлено семејство. И овој проект, исто така, никогаш не стигна до сериско производство. Извор: Б92Тагови: Porsche Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook