Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи - Канал 5

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи

Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата.

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните.

Во однос на поединечните категории:

-кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло;

-кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%;

-кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот;

-кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.

Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица лишени од слобода во Скопје, Струга и тетовско затоа што кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.

Седум лица лишени од слобода во Скопје, Струга и тетовско затоа што кај нив била пронајдена дрога

На 14.06.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ во близина на Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Ј.О.(39) од Струга. При извршена контрола и преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 13.06.2026 во 23:30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Н.Е.(19) од Тетово. при преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица.

На 13/14.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(48), И.А.(22), Д.П.(18), сите од Скопје, како и Г.Б.(37) од с.Волково, скопско и М.А.У.(24) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час

Лишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното, следува соодветна пријава.

Лишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час

На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје - Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајка

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија, при што животот го загубила 26-годишна девојка од струшкото село Ливада.

26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајка

Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча Албанија се судрил со возило со македонски регистарски таблички, кое го управувала македонската државјанка. Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила. Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност. На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер