Министерски состанок за заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“ - Канал 5

Министерски состанок за заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска ќе се обрати на вториот трилатерален министерски состанок за предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“ што ќе се одржи на Попова Шапка.

Министерски состанок за заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“
Целта на состанокот е да се воспостават локални партнерства и да се олеснат прекуграничните работни контакти и консултации со што ќе се воспостави механизам за долготрајна прекугранична соработка и успешно управување со заедничките прекугранични планински екосистеми.

На состанокот ќе присуствуваат и министрите за животна средина на Република Косово и Република Албанија, Дардан Гаши и Лефтер Кока, амбасадорот на Германија, Гудрун Штајнакер, заменик амбасадорот на Австрија, Ханс Хелге Сандер, претставник на УНЕП, Пјер Карло Сандеи, претставник од германската фондација Еуронатур, Габриел Швадерер, како и претставници од локалните општини, научни институции и невладини организации од Албанија, Македонија и Косово.

Министрите за животна средина на Македонија, Косово и Албанија, заедно со претставници од локалните власти во регионот, претставници на УНЕП канцеларијата од Виена и германската фондација Еуронатур на Попова Шапка по вторпат ќе разговараат за идните развојни чекори во однос на предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“.

Состанокот претставува продолжение на првиот трилатерален состанок на заинтересираните страни, одржан во 2011 година на истата локација по иницијатива на УНЕП канцеларијата во Виена. Според студијата за изводливост на УНЕП, објавена во 2010 година, предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“ има потенцијал да стане најголемото заштитено подрачје во регионот на Југоисточна Европа и едно од најголемите во Европа.

Покрај ова во текот на 2013 година организацијата Еуронатур од Германија во соработка со Македонско еколошко друштво и заинтересираните страни од овој регион, подигна нова иницијатива за креирање визија, која ќе претставува темелник за иден развој на предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“.

Овој трилатерален состанок по втор пат ќе ги обедини претставниците од Албанија, Македонија и Косово, со цел забрзување на соработката, олеснување на трилатералните комуникации и консултации меѓу заинтересираните страни, идентификација на соодветна заштита на природата и развој на заеднички приоритети за прекугранична соработка во регионот.

Во рамките на средбата ќе биде ревидиран и одобрен зеднички изготвениот документ - визија за предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“, кој беше подготвен во 2013 година.

Средбата е под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, со поддршка на УНЕП канцеларијата од Виена и германската фондација Еуронатур во соработка со Македонското еколошко друштво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер