Министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево, Мисајловски го истакна значењето на регионалните иницијативи за безбедноста - Канал 5

Министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево, Мисајловски го истакна значењето на регионалните иницијативи за безбедноста

Министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево, Мисајловски го истакна значењето на регионалните иницијативи за безбедноста на Југоисточна Европа.

Министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево, Мисајловски го истакна значењето на регионалните иницијативи за безбедноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (27 ноември 2025 година) во Сараево, Босна и Херцеговина, заедно со министри за одбрана од земјите од регионот учествуваше на министерскиот состанок на процесот СЕДМ чија основна цел е унапредување на стабилноста и безбедноста во регионот преку развој на воено-политичката соработка меѓу земјите членки.

За време на првата сесија на министерскиот состанок, министерот Мисајловски се осврна на неколку клучни безбедносни предизвици на глобално ниво – руската агресија врз Украина и ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток, при што истакна дека иако географски оддалечен, регионот е под силно влијание на безбедносната несигурност и дека единственото одржливо решение е почитувањето на принципите на меѓународното право, дијалогот и мирното решавање на сите несогласувања.

„Одржливиот мир побарува сеопфатен пристап, кој вклучува многу повеќе од воени мерки, односно вклучува дипломатија, одговорност и отчетност, хуманитарна поддршка и долгорочен развој“, рече Мисајловски. Додаде дека „наша заедничка обврска e следното поглавје во меѓународните односи да не биде обликувано од конфликти и екстремизам, туку од дијалог, солидарност и почит кон меѓународните норми кои ќе овозможат безбеден и праведен свет за сите.“

Во однос на иднината на процесот СЕДМ, министерот даде полна поддршка на експертската работна група која работи на концептен документ за зацврстување на релевантноста на Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG.

„Бригадата е исклучително значајна во зајакнувањето на регионалната безбедност и стабилност и јас сум убеден дека таа ќе продолжи да ги развива целите на процесот СЕДМ“, рече тој. Како земја-домаќин на главниот штаб на Бригадата, рече министерот, јасно беше изразена нашата поддршка за овој процес, за кој истакна дека „инструмент за единство и кохезија“ помеѓу земјите од регионот.

На состанокот, министрите беа информирани за активностите реализирани од последниот министерски состанок во ноември 2024 година во Тирана, при што беше потенцирано дека еден од најзначајните проекти на СЕДМ е Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, чија команда до 2026 година е сместена во Куманово.

Министерскиот состанок беше ко-организиран од министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, заедно со заменик-министерот за одбрана на Грција, Атанасиос Давакис, и претседавачот на СЕДМ Секретаријатот, амбасадорот Елефтериос Ангелопулос.

Иницијативата СЕДМ, формирана во 1996 година, ги обединува нашата држава, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Украина, САД и Молдавија. Според воспоставениот редослед, Грција ќе претседава со СЕДМ до првата половина на 2027 година, по што претседателството го презема нашата држава.

Во рамките на иницијативата функционираат и други важни проекти: SEESIM – проект за симулациски вежби, проектот „Жени лидери во одбраната и безбедноста“, проектот за интерконекција на воените болници, како и СЕДМ порталот за брза и ефикасна размена на информации меѓу земјите членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Злато и бронза за македонската репрезентација на балканското CX првенство во Романија

Македонската вело-крос репрезентација оствари одличен настап на балканското CX првенство, одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи.

Злато и бронза за македонската репрезентација на балканското CX првенство во Романија

Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15.

Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории.

Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам.

Велосипедска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињата

Белгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињата

Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико.

Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението.

Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент.

Тенденција присутна и во други земји од ЕУ

Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата.

Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми.

Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.

Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ .

„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер