Министерот за здравство ќе има онлајн средби со граѓаните, може да се закажува од денес - Канал 5

Министерот за здравство ќе има онлајн средби со граѓаните, може да се закажува од денес

Секој петок „Мој термин“ со Министерот! Граѓаните ќе можат лично да разговараат со мене, без да бараат врски и познанства, само ќе треба да закажат термин на веб-страницата на Министерството за здравство.

Министерот за здравство ќе има онлајн средби со граѓаните, може да се закажува од денес

Секој петок „Мој термин“ со Министерот! Граѓаните ќе можат лично да разговараат со мене, без да бараат врски и познанства, само ќе треба да закажат термин на веб-страницата на Министерството за здравство, на опцијата „отворен кабинет“, вели Министерот Азир Алиу. Термин за со Министерот може да се резервира со внесување на име и презиме, телефонски број и тема за разговор на првата страница, и секој ќе може да добие 15 минути од времето на првиот човек на здравството.

Во однос на негодувањата на дел од лекарите кои сега имаат опција да паркираат кај „Лимак“ за 1200 денари месечно, со цел да им го ослободат паркингот кај Клинички на пациентите, министерот Алиу кажа дека имало и такви кои му се заблагодарувале за можноста, бидејќи им ги гребеле новите автомобили.

Додека Алиу бара решение за сообраќајниот хаос, само еден од горливите проблеми на здравствениот систем, со паркингот на Клинички, без никаков договор, веќе цели две години стопанисува „Градски паркинг“.

За ова Алиу најави разрешница, и со досега собраните пари ќе бара од јавното претпријатие да го финансира конструирањето на „смарт паркинг“ за Клинички, кој го нарече негов сон.

Идејата му е преку апликација да влегувате во паркингот, а движењето на возилото да биде следено со камери, и на крај системот да ве однесе до местото на кое треба да застанете.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница

Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.

СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница

Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони.

Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО.

За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.

Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца.

Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите.

Оваа изолација не е случајна.

Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност.

Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии.

СДСМ уште еднаш повторува:

Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓаните

По две години Влада на Мицкоски, резултатот на Панче Тошковски е поразителен: распад на безбедносниот систем, партизација и неказнивост.

Цветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓаните

Тошковски ветуваше правда. Велеше: „Брат да ми е, ќе одговара.“ По две години, никој не одговара.

Нема одговорност за криминалните афери и скандали на власта.

Две години МВР на Панче Тошковски не го гони криминалот. Го штити криминалот на власта.

Пет тони дрога поминаа преку македонската граница. Никој не одговараше. А поминаа цели шест месеци.

Две години граѓаните на Македонија се сведоци на убиства, трагедии, вооружени пресметки, криминал, семејно и врсничко насилство, на распад на безбедниот систем.

Најголемата болка е трагедијата во Кочани, каде што згаснаа 63 човечки животи, претежно млади луѓе.

Но, наместо целосно расветлување на случајот, правда и одговорност, јавноста виде обиди за прикривање на одговорноста и заштита на актуелни функционери.

Никој не одговара, правда нема. Одговорност нема.

А нема ниту превенција.

Во Скопје беа убиени млада жена и дете, покрај повеќе од десет претходни пријави до МВР на Тошковски не се постапувало навреме.

Во Велес исто така беше убиена жена и нејзиниот татко, МВР на Тошковски не реагирале.

Во Старо Нагоричане сериски убиец со години убивал жени пред МВР конечно да реагира.

Семејното насилство стана секојдневие, а МВР на Тошковски сè почесто потфрлаат токму таму каде што треба да ги заштитат граѓаните.

Тошковски создаде партиска полиција. Искусни полициски службеници се деградираат и преместуваат, а партиски подобните кадри се наградуваат.

Нема одговорност за никој.

Нема ниту за Симе, од сликите со Мицкоски, кој јавно пукаше со автоматско оружје.

Нема одговорност ниту за бодигардот на Мицкоски кој беше фатен како продава службени информации за пари.

Другиот негов бодигард пак доби условна казна за семејно насилство.

И наместо да ги штитат граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ОКГ одат чекор понатаму. Воведуваат државен шпионски софтвер за следење на сопствените граѓани - Pegasus.

Наместо да се борат против криминалците, тие сакаат да ги шпионираат граѓаните.

Тошковски останува министер само затоа што зад него стои Христијан Мицкоски, а тие меѓусебно се штитат од каква било одговорност.

Македонија заслужува професионална полиција, функционален безбедносен систем и институции во кои законот важи еднакво за сите, рече Симона Цветановски – членка на ИО на СДСМ..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер