Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови
Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка
1Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови
2Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка
ЗдравјеМинистерот за здравство ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлицаМинистерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Претходно за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. - Од службите сега ме известија дека сѐ е процесуирано и оттука ќе одам да го потпишам и ќе го пратиме до вакциналните пунктови веднаш да стапи во сила, одговори Меџити прашан околку процедурата за прогласување епидемија на голема кашлица. Меџити рече и дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст. - Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот, подвлече Меџити. Тој се осврна и на проверувањето вакцинални картони, при што нагласи дека на тоа се работи, но оти процедурата е се уште во тек. Кога резултатите ќе бидат целосни, најави дека ќе бидат споделени со јавноста. [Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поде] Меџити ја потврди информацијата дека е испратена инспекција во болницата „Санте плус“, откако добиле индиции тоа да се стори. - Веднаш дадовме инструкции на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се испита дали болницата ги исполнува условите за понатамошно работење, појасни Меџити. Меѓу другото, министерот за здравство, кој се соочува со можност да биде разрешен, откако настана поделбите во партијата од која доаѓа, Алијанса за Албанците денеска на брифингот со новинарите говореше и за досегашните спроведени проекти, а кажа и дека се соочил со кочење на работата на МЗ. Тој ги спомена и ревидирањето на позитивната листа, набавувањето на лекот „трикафта“, реновирање на клиниките и болниците низ државата, враќањето во функција на КАТО системот. - Го враќаме во функција КАТО системот за дозирање и контрола на терапијата кај онколошките пациенти. Никој повеќе нема да може да ги злоупотребува лековите за онколошките пациентите. Ја зачувавме довербата во системот и тоа е многу важно. Набавуваме нови 22 амбулантни возила. Ги зајакнуваме капацитетите на Итната медицинска помош. За првпат овозможивме хеликоптерски транспорт за најитните случаи. Двапати ги покачивме платите на здравствените работници. Вложуваме во нашиот вреден кадар, тој е гордоста на јавното здравство. За првпат казнуваме нерегуларности во здравството. Воведуваме ред со цел поефикасна работа. Работиме на проектот централизација на Клиниката за радиологија, беа дел од проектите на кои се осврна министерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долговиЗаемите на ЈПДП се рамковни и не се повлекуваат одеднаш, туку постепено во зависност од реализацијата на проектите и доставените фактури. Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од СДСМ дека 350 милиони евра обврски на претпријатието не се прикажани во јавниот долг. За планираното задолжување од 1,3 милијарди евра пак, Мицкоски посочи дека не е дел од годинашниот ребаланс, бидејки се однесува на задолжување на меѓународниот пазар и еврообврзница што треба да се издаде во 2027 година, пред се за отплата на стари долгови. -Јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада За премиерот, показател за добрите економски политики на владата се и најновите податоци на статистика, кои покажуваат дека БДП во вториот квартал од годинава пораснал за 4,3%. Мицкоски вели дека тоа е еден од највисоките резултати во Европа, во услови кога растот во ЕУ е 1,2% , а во еврозоната 1%. - Јас ќе си стојам до мојот став дека ова е еден од четирите во моментот најголем раст на бруто домашен производ и во првата половина од годината, но и во второто тромесечие, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5%.. Пред нас уште се Малта и Данска. Еве ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, жалам.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада По објавата на последните статистички податоци, од Фајнанс тинк во најновата анализа оценуваат дека економската активност забрзува, но предупредуваат дека растот е главно воден од домашни фактори, а во значајна мера е поттикнат од буџетската потрошувачка. Истовремено, укажуваат и на високиот буџетски дефицит, но и дека стапката на невработеност останува иста, односно 11,3%, што според нив покажува дека пазарот на труд не реагира на растот на БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметкаТепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува. -Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој. -Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5 Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај ГрачаниСпоред податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје. Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар. Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари. Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07