3Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
МакедонијаМинистерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, во работна посета на земјатаМинистерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, престојува во работна посета на земјата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утринава се сретна со Шакалиев. Се разговарало за билатералните односи и за можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка. Шакалиев предводи делегација на бизнисмени од Казахстан, која ќе учествува на бизнис-форум со претставници на македонската деловна заедница. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаФилипче: Иднината на државата е заложник на неспособноста на Мицкоски за државна стратегијаФилипче додаде дека со ваквите политики на Мицкоски државата се движи кон политичка и економска изолација.Иднината на државата и на граѓаните е доведена во заложништво поради личната немоќ на Мицкоски да се справи со најважното прашање за државата – членството во Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека ваквите погрешни политики на Владата на ВМРО ја носат државата само во изолација. „Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија. Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија. Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација“, рече Филипче. Притоа, Филипче посочи дека во време кога постои силна поддршка за проширување на Европската Унија и кога вратите се отворени за земјите кандидати, Македонија останува на страна. „За време на последната посета на еврокомисарката Марта Кос, која јасно, гласно, недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека благодарение на премиерот Христијан Мицковски и ВМРО, ние на тој пат повеќе не сме. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш до сега, ние остануваме на страна“, рече Филипче. Тој додаде дека со ваквите политики на Мицкоски државата се движи кон политичка и економска изолација. „Остануваме под влијание на други земји кои немаат интерес регионот и Македонија да се интегрираат во Европа. Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со кој знае колкави камати, кои ќе ги враќаат следните генерации“, рече Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Увид во градежните активности во БардовциГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци.Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување. Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата. Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена. При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законикЕдинственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик.Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори. Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори. Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат 3 циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори. Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да и наштетат на државата со ваквиот однос. За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во РА, односно во носење на реформите, а тоа што не се носи ИЗ е само вина на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter