Министерот за одбрана вели дека германската морнарица планира можна улога во Ормуз - Канал 5

Министерот за одбрана вели дека германската морнарица планира можна улога во Ормуз

Германија веќе спроведува конкретно планирање за можно морнаричко распоредување во Ормуската Теснина, изјави вчера министерот за одбрана Борис Писториус, во услови на зголемени тензии во регионот.

Министерот за одбрана вели дека германската морнарица планира можна улога во Ормуз

- Ние го планираме тоа. Ги разработуваме сценаријата, исто така и во однос на можните партнери и како би можела да биде структурирана таквата операција – изјави Писториус за јавниот сервис АРД. Тој додаде дека не би си ја вршел работата правилно доколку таквите подготовки веќе не се во тек.

Како што пренесе ДПА, тој сепак нагласи дека планирањето е сè уште во рана фаза. Предуслови за какво било распоредување би вклучувале одржлив прекин на огнот, правна рамка според меѓународното право и мандат од германскиот Бундестаг, долниот дом на парламентот, рече тој, додавајќи: „Сè уште сме далеку од тоа“.

Писториус укажа на морнаричките капацитети на Германија во чистењето мини, велејќи дека земјата традиционално игра водечка улога во рамките на НАТО во оваа област.

Писториус рече дека вклученоста на Германија нема да биде за симболика или испраќање политички сигнали, туку за заштита на слободата на пловидба во регионот.

- Секогаш велевме дека ова не е наша војна, но погодени сме од нејзините последици – рече тој.

Писториус призна дека потенцијалната мисија ќе бара од морнарицата да ги реприоритизира другите задачи, забележувајќи: „Можеме да ја распоредиме нашата опрема само еднаш“. Тој ја опиша ситуацијата во Ормуската Теснина како моментално непредвидлива, со повеќе од 20 пријавени напади врз трговски бродови.

Писториус исто така рече дека не може да замисли обезбедување на водниот пат без вклученост на САД, тврдејќи дека Вашингтон има најдобар увид во ситуацијата во регионот. Тој исто така додаде дека би било „воено неразумно и политички погрешен сигнал“ да не се вклучат САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Построги правила во студентските домови: Се воведуваат казни и старосна граница до 30 години

Додека илјадници матуранти стравувале дали ќе дојдат до соба во студентските домови, т.н. студенти на хартија успевале да го изиграат законот и да живеат во студентски дом по поволна цена. 

Построги правила во студентските домови: Се воведуваат казни и старосна граница до 30 години

Имало и случаи кога 40 годишници цела деценија престојувале во собите, откако претходно запишувале година, без дипломата да им биде приоритет, туку да добијат струја, греење и три оброци дневно - сето за 3400 денари. МОН најави, во домовите веќе нема да смее да престојува некој над 30 години.

-Сега домовите се празни, но кога студентите ќе се вратат од 1ви октомври ќе ги пречекаат поригорозни правила, уредени со закон.

Освен построгата контрола кој ќе добие соба, поригорозно ќе се спроведуаат и веќе постоечките правила. Меѓудругото, за внесување на алкохол и наркотици во објектите, уништување на инвентарот, како и агресивно и насилно однесување. Оние кои што ќе ги сторат овие прекршоци ќе се соочат со последици, а ќе треба да си бараат и приватно сместување. Ресорната министерката – Јаневска порача, одговорност ќе има и кај менаџментот домовите доколку законот не се почитува.

-Забрана за време од една до пет години за сместување во студентските домови за студенти кои ќе сторат кои ќе сторат потешки повреди на куќниот ред, на што мислиме: Ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол и други супстанци или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилно однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација. - Весна Јаневска – Министерка за образование

Од студентското собрание велат дека редот е неопходен во студентските домови, особено во делот на безбедноста и мирот, па треба да има и пропорционални санкции. Од студентските платформи пак побараа да нема селективност во процесите, а одговорност да има и кај институциите кога условите се под достоинството.

-Целта не треба да биде само казнување, туку превенција и создавање кај студентите, затоа сметаме дека е важно секој случај да се разгледува индивидуално и да постојат јасни критериуми за изрекување на санкциите.- Ангела Василевска – Претседателка на УСС-УКИМ

-Сега имаме законски измени кои уредуваат како ќе се казнуваат студентите кога не ги почитуваат правилата во студентскиот дом, тоа е во ред и тоа си стои, но што правиме кога институциите, односно другата страна не го почитува достоинството на студентите. Само во изминативе шест месеци добивме стотици пријави за најразлични предизвици во студентските домови, појава на лебарки, глобари, немање топла вода.- Гоше Николов – Студентска платформа „Студентарија“

Директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Александар Каровски, за Канал 5 вели дека внесувањето на недозволени работи биле и досега строго контролирани, а очекува со новиот закон да се надмине проблемот кога студентите кои добиле соба, истата ја издавале на трети лица за повеќе пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Тетово и во Чаир: Се покренува иницијатива за улици со имиња на борци од УЧК

Ќе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. 

По Тетово и во Чаир: Се покренува иницијатива за улици со имиња на борци од УЧК

Ќе има ли повторно преименување на улици со имиња на борци од УЧК, овој пат во Чаир, откако советот на општината прифатил таква иницијатива на последната седница на општината, подесена од советниците на ДУИ. Станува збор за улиците „Јаја Паша“ и „Фљака е Влазримит“ кои се бара да бидат преименувани во „Командант Тели“ и „Зеќирија Хасани“.

Од општина Чаир за Канал 5 велат дека станува збор за предлог одлука, а не за конечно решение.. Дали притоа имало и Бадинтерово мнзоинство, како што предвидува законот, одговор нема..

-Тоа не претставува одлука за преименување на улиците. Одлука за промена на имињата ќе биде предмет на понатамошна постапка и ќе се донесе согласно законските процедури и сите предвидени фази. - велат од општината.

Прашањето за преименувањето на улиците, стана актуелно откако Устваниот суд одлучи за ја поништи одлуката на општина Тетово од 2007 година, бидејќи била донесена без согласност од Владата.

Во моментот по барање на ДУИ во општината Тетово тече постапка за враќање на старите имиња на улиците и плоштадот. За ваквиот предлог општинскиот совет треба да расправа в понеделник, а според законските одредби доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор.

„Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните според законот и да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката, која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука и Советот и советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување и од експертите од правната фела, кажуваат дека Советот автоматски оди на реизбор“, рече Касами.

Одлуката на уставен, ДУИ ја искористи и да органзира протести во Тетово, а нов марш најавуваат за утре. Касами вели дека станува збор за полтиички протет, бидејќи во општината веќе тече постапка за именување на повеќе од 200 улици, за што е формирана и комисија која треба да стави крај на овој долгогодишен проблем со неименувани улици во Тетово. Од вкупно 297 улици во оваа општина, само 81 имаат официјални имиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада

Тројцата функционери на Влен Ќоку, Азизи и Муртезани не биле спречени да влезат во Албанија, туку самите одлучиле да се вратат од границата, во знак на солидарност со четвртото лице кое биле со нив, а чиј идентитет не го откриваат.

Инцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада

Од Албанското Министерство за внатрешни работи во одговор за Канал 5, појаснува дека се работи за вообичаена процедура за гранична контрола и дека во првата половина на годинава имале на 400 вакви случаи.

-Тројца од нив, кои поседувале дипломатски пасоши, биле информирани дека немаат никакви пречки за да го продолжат патувањето. Во меѓувреме, четвртото лице, кое било во нивна придружба, било евидентирано дека има законски пречки за преминување на границата и поради тоа не му било дозволено да го продолжи патувањето кон Р. Албанија. – велат од албанското МВР, без да наведат дали забраната се однесува поради учеството на протестите во Тирана.

Од Влен, по жестоките реакции вчера на пратеникот Ќоку, синоќа одржале состанок по кој се огласија со многу помирен тон, и вината за ситуацијата ја најдоа во ДУИ. Ја обвинија дека со политички конструкции се обидува да ги наруши односите меѓу Албанците и институционалната комуникација со Албанија, порачувајќи дека меѓудржавните односи не смеат да бидат заложник на партиски интереси.

Во меѓувреме случајот предизвика политички реакции и во Албанија. Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша го осуди задржувањето на политичарите за кое директно го обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни. Тој во име на Алабанците им се извини на сите Албанци во Македонија.

-Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од албанската партија Влен од С. Македонија, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Македонија и меѓународните конвенции. – Сали Бериша – Демократска партија на Албанија

Од македонското МНР соопштија дека вчера била остварена средба со претставник од амбасадата на Албанија во Скопје на која побарале официјална информација од албанските власти за настанот на граничниот премин Ќафасан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер