Министерот за култура Зоран Љутков добитник на меѓународна награда „Да за уметноста“ - Канал 5

Министерот за култура Зоран Љутков добитник на меѓународна награда „Да за уметноста“

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е добитник на меѓународната награда „Да за уметноста“, што ја доделува жирито на Медитеранските меѓународни театарски награди

Министерот за култура Зоран Љутков добитник на меѓународна награда „Да за уметноста“

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е добитник на меѓународната награда „Да за уметноста“, што ја доделува жирито на Медитеранските меѓународни театарски награди, во организација на реномираниот театарски весник Theater Newspaper.

Наградата, како што информираат од Министерството за култура, е признание за неговиот вкупен придонес во областа на театарската уметност – од неговото образование и актерска дејност, преку уметничкото и институционално раководење, до организирањето на меѓународни театарски фестивали кои оставија трага на културната сцена во Македонија.

Жирито ги следеше и вреднуваше придонесите во театарот во седум медитерански региони на Турција и во седум земји од странство, наградувајќи истакнати личности што дале значаен белег во периодот 2024–2025 година.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи во Анталија, во рамки на настанот што ќе се одржи од 19 до 21 септември 2025 година, а министерот Љутков наградата треба да ја прими на церемонија која ќе се одржи на 20 септември.

Признанието, се вели во соопштението, претставува меѓународна потврда за неговата долгогодишна посветеност во афирмација на театарската уметност како културна вредност, како и за неговиот ангажман во унапредување на културната дипломатија на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Колку ќе заработи шампионот на 23 -тотоСветското првенство во Северна Америка?

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот.

Оној што ќе го крене трофејот на стадионот „Метлајф“ на 19 јули во Њи Џерси, не само што ќе ја освои најголемата награда во фудбалот, туку и ќе ја обезбеди најголемата поединечна исплата во историјата на Светското првенство.

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот, што е директна последица на проширувањето на 48 екипи и на рекордни 104 натпревари, како и на приходите од преноси и спонзорства што произлегуваат од тоа.

За колкава сума станува збор и како се распределуваат средствата, пишува „Спортинг њуз“ (Sporting News).

Шампионот ќе добие 50 милиони долари само врз основа на наградите за постигнатиот успех. Во оваа сума не се вклучени другите приходи, па така вкупната исплата за шампионот надминува 60 милиони долари, пред да се земат предвид евентуалните дополнителни бонуси што би можел да ги исплати нивниот сојуз.

Тие 50 милиони долари претставуваат 8 милиони долари повеќе од сумата што ја заработи Аргентина со освојувањето на титулата во Катар во 2022 година.

За ова Светско првенство, ФИФА ќе распредели вкупен награден фонд од 871 милион долари – во споредба со 440 милиони долари на турнирот во 2022 година – што претставува зголемување од приближно 65%.

На секоја од 48-те квалификувани екипи ѝ е загарантиран минимален износ од 12,5 милиони долари, без оглед на резултатите; овој износ се состои од 10 милиони долари како надомест за квалификување и 2,5 милиони долари наменети за подготовки. Покрај тоа, сите дополнителни приходи целосно зависат од тоа колку далеку ќе стигне екипата на турнирот.

Тимовите елиминирани во групната фаза заработуваат приближно 9 милиони долари врз основа на постигнатите резултати, покрај загарантираните средства.

Пласманот во фазата со 32 екипи носи 12 милиони долари за тимовите што ќе бидат елиминирани во таа фаза.

Пласманот во осминафиналето носи околу 14 милиони долари, четвртфиналето околу 19–20 милиони, четвртото место носи околу 28 милиони, а третото место приближно 30 милиони долари.

Вицешампионот заработува 33–34 милиони долари, додека шампионот освојува 50 милиони долари, со што се наоѓа на врвот на листата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“

По крајот на мундијалските полуфиналиња и победите на Шпанија и Аргентина, топ вест во светските медиуми е една фотка на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговиот наследник Ламин Јамал како бебе

Фото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“

И Лионел Меси, како и целиот свет, е вчудовиден од фактот дека ќе игра за светската титула против момчето што го држел во рацете пред две децении.

Сега веќе познатата фотографија на Меси – направена во времето кога тој го градеше својот пат во Барселона – и на сосема малото, новородено бебе Јамал, повторно стана актуелна откако Ламин се проби во првиот тим на Каталонците и многу брзо со право според игрите се здоби со статус на ѕвезда.

Фотката своевремено предизвика неверување во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но повторно излезе во преден план за време на Светското првенство и стана хит откако и двајцата стигнаа до финалето.

Сега звучи уште поневеројатно тоа што „моделите“ од таа позната фотографија ќе се борат за светската титула. Дваесет години откако е направена фотографијата.

Од сите приказни поврзани со Светското првенство раскажани досега – не само од тековниот турнир – оваа е можеби најневеројатната.

„Ламин е играч кој може многу да постигне. Пред него е одлична кариера и можност да направи нешто историско, но се надевам дека тоа нема да се случи овој пат, против нас. Животот е луд, а фактот што и двајцата играме на Светското првенство по онаа фотографија е неверојатен. Му посакувам многу среќа во Барселона. Ќе се обидеме да не му дозволиме да биде во најдобра форма во недела, иако тоа ќе биде тешко“, изјави Меси на настан организиран од ФИФА во Њујорк.

На фотографиите направени во 2007 година може да се види како Меси го бања бебето Јамал.

Во 2007 година се случи историски момент, а никој не беше свесен за тоа.

Всушност, идејата била да се реализира фотосесија за годишен календар.

Во декември, каталонскиот весник „Спорт“, во соработка со Барселона и УНИЦЕФ, започна проект за хуманитарен календар. Идејата беше ѕвездите на Барселона да се фотографираат со бебиња, а потоа календарот да се искористи за собирање средства за хуманитарни цели.

УНИЦЕФ помина неколку месеци избирајќи семејства од Каталонија кои би учествувале во оваа програма, а за изборот да биде целосно правичен, меѓу заинтересираните родители била организирана ждрепка. Извлечено било семејството на Ламин Јамал. Но, тука не завршило сè. Не се знаеело со кого ќе се фотографира момчето, а кога семејството пристигна на „Камп Ноу“, ги пречекало изненадување – на нивниот син му бил доделен никој друг туку Лионел Меси. Овој момент го овековечија фотографите Жан Монфор и Ориол Каналс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица

Во двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа над 5 илјади лица, изјави претседателот на парламентот, Хорхе Родригез.

Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица

Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите.

Според претходно објавени податоци, оштетени се речиси 900 згради... Земјотресите што ја погодија венецуела инаку, беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени според рихтеровата скала

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер