3Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
КултураMинистерот за култура Асаф Адеми се обрати на Третата светска конференција за туризам и култура во ТурцијаMинистерот за култура Асаф Адеми денеска имаше официјално обраќање во рамките на Третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“. Која се одржува од 3 до 5 декември во Истанбул, Турција, во организација на Владата и на Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација (UNWTO) и УНЕСКО. Во своето обраќање пред присутните високи претставници на повеќе земји во светот, министерот Адеми се осврна на повеќе аспекти во насока на зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и во културата. Тој потенцираше дека оваа конференција е убава можност да ги споделиме нашите искуства и сознанија од сферата на културата и нејзината поврзаност со туризмот како фактори што влијаат врз целокупниот општествен развој. „Сакам во оваа пригода да истакнам дека Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка држава со импресивно културно наследство, недвижни добра од профана и сакрална архитектура, археолошки локалитети и споменични целини од различни временски епохи. Овие знаменитости се основен атрибут за развој на културниот туризам и токму затоа континуирано настојуваме тие да бидат презентирани, во најразлични форми, на светските саеми и берзи на туризмот“, нагласи министерот за култура. Тој информираше дека во изминатите години беа поддржани повеќе изложби на непроценливото културно богатство на релевантни локации во големите културни метрополи, кои силно влијаеја на интересот за нашата држава и на зголемувањето на бројот на туристите. Министерот ги спомна и заложбите за промоција на Република Македонија во меѓународен контекст преку впишувањето на културни добра на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Во текот на утрешниот ден, министерот за култура Адеми ќе оствари и билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција Мехмет Нури Ерсој, како и со колегите од земјите учеснички на овој значаен собир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзбори во Израел, двата политички блока се изедначени во КнесетотИзлезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година. Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook