МакедонијаМинистерот Сали на средба со амбасадорот на Чешка Лудва: Поддршка за реформите и европската интеграцијаМинистерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.На средбата беше разговарано за европската интеграција на Македонија и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и пристапниот процес. Министерот Сали ја истакна посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото, реформата на јавната администрација, функционирањето на демократските институции и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови. Соговорниците ја нагласија важноста од континуираната поддршка на Чешката Република за европската перспектива на Македонија, како и можностите за продлабочување на соработката во области поврзани со пристапниот процес, размена на искуства, користење на европските фондови и јакнење на институционалните капацитети. На средбата беше истакната и досегашната соработка преку европските инструменти, како и поддршката на Чешката Република преку различни проекти со директно влијание врз локалните заедници. Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка и ја нагласи подготвеноста на Министерството за европски прашања за натамошно продлабочување на соработката. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter