Министерот Ристовски на отворањето на младинскиот фудбалски камп на „AC Milan“ во Скопје - Канал 5

Министерот Ристовски на отворањето на младинскиот фудбалски камп на „AC Milan“ во Скопје

​Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје.

Министерот Ристовски на отворањето на младинскиот фудбалски камп на „AC Milan“ во Скопје

На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант.

-Овој спортски камп е убава и ретка можност нашите деца да се запознаат со филозофијата, дисциплината и вредностите на еден од најголемите и најтрофејни фудбалски клубови во светот. Можност да учат од врвни професионални тренери, да стекнат нови знаења и искуства и да ги направат своите први, но исклучително важни чекори кон остварување на своите спортски соништа – рече Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека ваквите програми им овозможуваат на младите да ги усвојат не само техничките и тактичките вештини, туку и вредностите што ги гради спортот – дисциплина, посветеност, тимски дух, почит и одговорност.

-Како поранешен спортист, многу добро знам што значи ваква можност и колку ова искуство може да биде поттик за овие деца да се посветат на спортот и на спортските вредности. Се надевам дека овој камп ќе прерасне во традиција, а ние сме тука како Министерство за спорт и како Влада да ги помагаме ваквите настани и да промовираме вистински вредности – истакна Ристовски.

Организаторите потенцираат дека кампот комбинира високо ниво на технички тренинг, тактичка едукација и личен развој, помагајќи им на младите играчи да го откријат својот потенцијал и да ги подобрат своите фудбалски способности, истовремено прифаќајќи ги основните вредности на AC Milan.

-Фудбалските кампови на Милан нудат уникатна можност за момчиња и девојчиња да ја искусат методологијата на еден од најуспешните клубови во светот. Тренинг сесиите се базираат на филозофијата на Академијата на Милан и се водени од официјални тренери, со фокус на подобрување на талентот на секој играч.

Нашата мисија е да обезбедиме тренинг искуство на највисоко ниво, носејќи го истиот квалитет и професионализам што се нуди во Академијата на Милан – порачаа организаторите на кампот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.

Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

А одговорност од власта досега нема од никого.

Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото.

Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а никој да не сноси одговорност.

Не може институциите да потфрлат и да не го заштитат здравјето на луѓето и никој да не одговара.

Со последната изјава Клековски призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“.

А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна.

Ако водата билна полна со бактерии како тврдеа дека е исправна и може да се користи како „техничка“?

Никогаш не беше објавена анализа, извештај за водата, кој дозволил и дал одобрение.

Само затоа што „експертот“ што соопшти беше Мицкоски.

Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

Ова ова е здравствена катастрофа, тотален хаос и распад на институциите.

И одговорност мора да има!

Доста молчи Јавното обвинителство. Савески наместо на еккурзија мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

​Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

Талогот од СДС си го покажа вистинското лице.

Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт.

Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС.

И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.

Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија.

Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Голема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Случајот бил пријавен во СВР Битола вчера околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните двајца сопатници останале на езерото. Според пријавата, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани.

Во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер