Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
МакедонијаМинистерот Муцунски во работна посета на ШведскаМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, на покана на шведската министерка за надворешни работи, Мариа Малмер Стенергард.Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата, покрај билатералната средба со министерката Стенергард, предвидено е Муцунски да оствари средби и со министерката за европски прашања, Џесика Розенкранц, како и со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел. Во шведскиот Парламент – Риксдаг, министерот ќе се сретне со Шерштин Лундгрен, трет заменик-претседател на Риксдагот. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници и членови на парламентарните комисии за надворешни работи и европски прашања, како и членови на Групата за пријателство и соработка со Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на престојот, министерот Муцунски ќе оствари средби и со претставници на македонската дијаспора, како и посета на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме. Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, реафирмирањето на шведската поддршка за европската интеграција на Република Македонија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања, стои во соопштението на МНРиНТ. Тагови: Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаДемократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанијаДемократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на: 1. Водата што се користи за наводнување, 2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и 3. Почвата. Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување. Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри. Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции. Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Граѓаните не се сами, ако ви е потреба помош јавете се на +389 78 207 687Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен!Почитувани граѓани, Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција. Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба. Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: [📞] +389 78 207 687 Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаАнтропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција Компанијата „Антропик“ ќе плати рекордни 1,5 милијарди долари во тужба против автори чии дела биле користени за обука на нивниот модел на вештачка интелигенција, Клод. Федералниот суд на САД во Сан Франциско одобри спогодба што претставува една од најголемите исплати во историјата на споровите меѓу компаниите за вештачка интелигенција и сопствениците на авторски права. Тужбата е поднесена во 2024 година од група автори кои тврделе дека „Антропик“ користел пиратски копии од книги за обука на своите големи јазични модели. Судот утврдил дека дел од постапките на компанијата претставуваат повреда на авторските права, иако сметал дека користењето на делата за обука на самиот модел на вештачка интелигенција е фер употреба. Судот ја прифаќа спогодбата по претходните приговори Случајот првично го водеше судијата Вилијам Алсуп, кој претходно пресуди дека на „Антропик“ му е дозволено да ги користи книгите за обука на моделот Клод поради принципот на фер употреба, односно дозволената употреба на дела заштитени со авторски права. Сепак, судијата утврдил дека компанијата го прекршила законот кога складирала околу 7 милиони пиратски книги во централна библиотека за развој на своите системи за вештачка интелигенција. Алсап го отфрли првичниот предлог за спогодба минатата година, велејќи дека не е доволно специфичен и не ги опфаќа сите важни прашања. Потоа, Антропик лансираше официјална веб-страница за спогодба со список на сите засегнати дела, за авторите да можат да проверат дали имаат право на надомест. Спогодбата опфаќа повеќе од 480.000 книги, а авторите треба да добијат околу 3.000 долари по засегнато дело. Некои автори веруваат дека надоместокот е пренизок Новата одлука сега е потврдена од судијката Арасели Мартинез-Олгин, која го презеде случајот откако Алсап се пензионираше. Покрај финансиската компензација, Антропик ќе мора да уништи пиратски копии од книгите што ги поседуваше. Сепак, не сите автори се задоволни од договорот. Некои тужители сметаа дека износот на плаќање е пренизок и одлучија да се повлечат од спогодбата за да поведат посебни тужби против компанијата. Овој случај би можел да постави важен преседан за целата индустрија за вештачка интелигенција, која во последниве години се соочува со сè поголем број прашања за тоа како податоците се користат за обука на модели на вештачка интелигенција.Тагови: Антропик вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter