Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
2Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
МакедонијаМинистерот Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во ЖеневаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на овогодишниот форум, како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за Целите за одржлив развој“. Во својство на ко-претседавач, министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија, нагласувајќи ја потребата од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030 во услови на сè покомплексни глобални предизвици. -Со помалку од пет години до 2030 година, прашањето не е дали сме посветени, туку дали сме подготвени да делуваме побрзо, попаметно и заедно- истакна Муцунски. Тој посочи дека за Македонија Целите за одржлив развој не се апстрактна рамка, туку интегрален дел од националните политики, вградени во Националната стратегија за развој и усогласени со претстојната Рамка за соработка со Обединетите нации. Во своето обраќање, министерот нагласи дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето резултати бара координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика. -Фрагментацијата е непријател на напредокот. Трансформацијата бара координација – меѓу влади, меѓу сектори и меѓу држави- нагласи Муцунски. Во текот на дводневното учество, министерот ја потврди посветеноста на Македонија кон Агендата 2030, преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка. Во рамки на тематските сесии беше отворена и дискусија за потребата од поинклузивни индикатори за мерење на напредокот, со цел подобро рефлектирање на благосостојбата, еднаквоста и одржливоста. Форумот обедини високи претставници на држави членки, Обединетите нации, меѓународни организации, граѓанскиот сектор, младите и приватниот сектор и претставува значајна платформа за размена на искуства и добри практики во клучни области, вклучително одржлива енергија, одржливи градови, партнерства за развој, како и вода и санитарии и индустрија, иновации и инфраструктура.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветШпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртвиШпанските спасувачи трагаат по најмалку 23 исчезнати во големиот шумски пожар во шпанскиот регион Андалузија, во кој досега загинаа 12 лица.Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи, со поддршка на 32 авиона. Илјадници жители се евакуирани од погодените области, а повеќе од 1.400 луѓе моментално се наоѓаат во привремени засолништа првичните истраги покажуваат дека паднат далновод бил причина за пожарот. Властите стравуваат дека пожарот би можел да стане еден од најсмртоносните во Андалузија и еден од најкатастрофалните во Шпанија во последните децении.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените. Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот. Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката. Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија. Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата. Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестриСамо во 15 здравствени установи недостигаат повеќе од 200 медицински сестри, алармираат од Здружението на сестри и техничари.Според претседателка Гордана Бешлиовска, недостигот е реалност која не смее да се решава со паушални барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38