Министерот Минчев ја поздрави посетата на претседавачката со Советот на министри на БиХ, Кришто - силен сигнал за регионална соработка - Канал 5

Министерот Минчев ја поздрави посетата на претседавачката со Советот на министри на БиХ, Кришто - силен сигнал за регионална соработка

Минчев ја поздрави посетата на претседавачката Кришто како силен сигнал за регионалната соработка и посветеноста на сите земји од Западен Балкан кон европската перспектива.

Министерот Минчев ја поздрави посетата на претседавачката со Советот на министри на БиХ, Кришто - силен сигнал за регионална соработка

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, попладнево ѝ посака добредојде на претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, која пристигна во официјална посета на земјава, во пресрет на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан, посветен на имплементацијата на Планот за раст.

- Минчев ја поздрави посетата на претседавачката Кришто како силен сигнал за регионалната соработка и посветеноста на сите земји од Западен Балкан кон европската перспектива. Тој истакна дека овој самит претставува историска можност за нашите држави да го засилат темпото на реформи, со цел побрзо и поефикасно приближување кон Европската Унија, се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација.

Од Министерството потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски е домаќин на лидерска средба меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан, што се одржува денеска и утре во Скопје, а каде ќе се разговара за спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан на ЕУ.

На самитот ќе присуствуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и премиерите на шесте држави од регионот - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и на нашата земја.

Планот за раст на ЕУ има за цел да овозможи побрз економски и институционален напредок за земјите од Западен Балкан, преку конкретни реформи и зголемена поддршка од Европската Унија. Средбата во Скопје ќе биде клучна можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот, потенцираат од Министерството за јавна администрација.

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина.

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.

„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.

Украинскиот претседател додаде дека со Трамп се согласиле во иднина почесто да разговараат со цел да ги координираат чекорите.

Трамп вчера соопшти дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.

„Ќе произведуваме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди изјавата на Трамп и ја опиша како „сосема логична“.

Вредноста на оружјето се мери во милијарди евра, а оружјето би ги вклучувало и противвоздушните ракети „Патриот“ кои на Украина итно ѝ се потребни за да ги брани своите градови од руските воздушни напади.

Десеттина пелагониски села без вода

 Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Десеттина пелагониски села без вода

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите, нагласија од битолски „Водовод“.

Модриќ потпиша за Милан

 Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша договор со Милан, објави синоќа италијанскиот гигант.

Модриќ потпиша за Милан

Триесетидеветгодишниот Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14, кој го носеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година.

„Милан со задоволство објавува дека Лука Модриќ потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една година – до 30 јуни 2027 година“, соопшти клубот од Милано.

Модриќ се пресели во Милан од редовите на мадридски Реал, чиј дрес го носеше 13 сезони, а последниот натпревар го одигра минатата недела на Светското клупско првенство.

Модриќ за Реал одигра 597 натпревари и постигна 43 голови, станувајќи најтрофејниот играч во историјата на клубот од Мадрид со 28 титули.

притисни ентер