Министерот Љутков на средба со генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) - Канал 5

Министерот Љутков на средба со генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO)

Министерот Љутков на средба со генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) - нов импулс за развој на туризмот во Македонија.

Министерот Љутков на средба со генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO)

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид остварил средба со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Како што информира Министерството за култура и туризам, на средбата биле разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив туристички развој.

-Министерот Љутков упати честитки до Ал Новаис по повод нејзиниот избор за генерален секретар, нагласувајќи ја клучната улога на UNWTO во промовирањето на туризмот како двигател на одржлив развој, економски раст и меѓународна соработка, особено во услови на глобални предизвици за туристичкиот сектор. Тој истакна дека Владата стратешки го препозна туризмот како значаен економски сектор, што резултираше со негово вклучување во Министерството за култура, со цел воспоставување системски пристап и поефикасно управување со туристичките политики. Во таа насока, министерот информираше дека се работи на подготовка на нова Стратегија за туризам како клучен документ за понатамошен развој на секторот, соопшти Министерството за култура и туризам.

На средбата се разговарало за улогата на туризмот во рамномерниот регионален развој, валоризацијата и заштитата на културното наследство, развојот на руралните подрачја и зголемувањето на конкурентноста на туристичката понуда.

-Посебен акцент беше ставен на потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони. Беше нагласено и значењето на полноправното членство на Македонија во UNWTO, како и можноста експерти на Организацијата да се вклучат во процесите на едукација и јакнење на кадарот во туризмот за да се подобри квалитетот и професионалноста во секторот. Средбата беше оценета како значајна основа за понатамошно продлабочување на соработката помеѓу Македонија и UNWTO во наредниот период, се наведува во соопштението.

Претходно министерот Љутков остварил и работна средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На средбата било изразено подготвеност за продлабочување на соработката во туризмот, како продолжение на разговорите започнати на Конференцијата КОП29 во Баку.

-Беа разгледани можностите за отворање нов туристички пазар, потпишување меморандум за разбирање, организирање B2B-средби и промоција на туристичката понуда на Македонија, со акцент на културен, верски, еногастро и активен туризам, информира Министерството за култура и туризам.

Во рамките на посетата, министерот Љутков денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот саем на туризам „FITUR 2026“, на кое ќе присуствуваат кралот и кралицата на Шпанија, Фелипе VI и Летиција.

-Активностите во рамките на Меѓународниот саем на туризам „FITUR 2026“ ја потврдуваат определбата на Министерството за култура и туризам за интензивна меѓународна соработка, зајакнување на институционалните капацитети и позиционирање на Македонија како атрактивна, конкурентна и одржлива туристичка дестинација во текот на целата година, стои во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер