Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“ - Канал 5

Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност.

Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“

Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање покажува дека уметноста може да ја надмине секоја пречка.

„Бескрајно ѝ благодарам за нејзиниот придонес во македонската музичка култура и ѝ посакувам да продолжи вака успешно да создава, да биде голем афирматор и промотор на македонската култура“, рече министерот Љутков, кој упати и честитка по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Министерството за култура и туризам продолжува да работи на зголемување на застапеноста на лицата со посебни потреби во областа на културата. Наша заложба е лицата со посебни потреби да се вклучат во општествениот и културниот живот и со дарбата или талентот што ги поседуваат, да станат учесници во градењето на културното живеење на нашата држава“, истакна Љутков, кој ги поздрави заложбите на Здружението „Абилитис нет“ (Abilities Net) за организацијата на овој настан, апелирајќи до сите здруженија на граѓани и во иднина да аплицираат на конкурсите на Министерството за да се обезбеди поголема застапеност на културни содржини за овие лица.

„Министерството за култура и туризам и институциите од областа на културата се отворени за соработка и за иницијативи, со една заедничка цел – да го унапредиме културното живеење на лицата со попреченост, да градиме заеднички вредности, да градиме општество на еднаквост“, рече министерот Љутков.

На манифестацијата „Ability awards“, што се одржа во хотелот „Хилтон“, организаторот додели награди во 10 различни категории на 10 поединци и 10 компании кои постигнале најголем успех во светот на инклузијата, изгласани од страна на публиката.

Министерство за култура и туризам

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба „малку да го вразумат“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кога станува збор за Либан.

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува.

Израел инсистира на контрола на јужен Либан и се закани со нови напади доколку не се постигне долгорочен договор со Хезболах и либанските власти.

Трамп, пак, ја нагласи американската воена супериорност, истакнувајќи дека САД обезбедуваат оружје и бомбардери Б-2 и тврдејќи дека без негова интервенција, Израел би бил целосно уништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј (43) е бремена (ВИДЕО)

Актерката Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман го очекуваат своето трето дете.

Ен Хатавеј (43) е бремена (ВИДЕО)

Хатавеј ја потврди среќната вест денеска, 19 јуни, откако во медиумите се појавија нејзините фотографии од одмор на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.

Потврда на Инстаграм

Шпекулациите за бременост беа поттикнати од фотографиите од Сен Тропе, каде што актерката одмараше. Таму беше видена во кремаста плетенка под која нејзиниот стомак се истакнуваше, а подоцна и во бикини. Добитничката на Оскар конечно ја потврди веста самата на својот Инстаграм профил.

Таа објави кратко видео со натпис „Бебе, твоја сум“. Во видеото, таа влегува во кадарот облечена во лелеава бела здолниште и горен дел, се смешка и го гали стомакот пред разиграно да излезе од кадарот. Станува збор за сет од соработката на нејзината стилистка Карла Велч со брендот La Ligne, а сè е придружено со песната „Бебе, твоја сум“ од Барбара Луис.

Трето дете за актерската двојка

Ова ќе биде трето дете за актерката и Шулман, кои се во брак од 2012 година. Двојката веќе има два сина, десетгодишниот Џонатан и шестгодишниот Џек, кои се обидуваат да ги држат подалеку од очите на јавноста.

Хатавеј ја објави веста и на Инстаграм за време на нејзината втора бременост во 2019 година. Потоа напиша: „Не за филм... #2“. Во истата објава, таа отворено зборуваше за проблемите со плодноста.

„Шегата настрана, до сите што минуваат низ пеколот на неплодност и зачнување, сакам да знаете дека патот до ниту една од моите бремености не беше лесен. Ви испраќам дополнителна љубов“, рече таа тогаш.

Година исполнета со проекти

Оваа година, актерката беше исклучително зафатена, со неколку големи филмски проекти. Таа глумеше во продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“, каде што ја повтори својата иконска улога на Енди Сакс, и во музичката психодрама „Мајка Марија“ од студиото А24, во која таа ја портретира поп-ѕвездата на работ на егзистенцијална криза.

Таа наскоро ќе се појави во епскиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ како Пенелопа, дистопискиот научно-фантастичен трилер „Крајот на улицата Оук“ и во адаптацијата на книгата „Вистина“ од Колин Хувер. Ова значи дека публиката нема да мора долго да чека таа да оди на заслужен одмор со своето семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Пред било какви законски измени за дата центрите потребна е целосна транспарентност и јавна дебата

Најавите на Владата за подготовка на нова законска рамка за изградба на дата центри отвораат сериозни прашања поврзани со енергетската политика, користењето на природните ресурси и долгорочниот јавен интерес.

ДОМ: Пред било какви законски измени за дата центрите потребна е целосна транспарентност и јавна дебата

ДОМ смета дека пред да се пристапи кон измени на законите и создавање поволности за нови инвестиции јавноста има право да добие јасни одговори за ефектите што овие проекти ќе ги имаат врз енергетскиот систем, животната средина и локалните заедници.

Особено е важно да се разјасни:

• Колкави ќе бидат потребите од електрична енергија на планираните дата центри?

• Дали постојната енергетска инфраструктура може да ги поддржи овие капацитети без дополнителен притисок врз граѓаните и стопанството?

• Колкава ќе биде потрошувачката на вода и какво ќе биде влијанието врз локалните ресурси?

• Дали ќе се спроведуваат задолжителни оценки за влијанието врз животната средина и јавни консултации со засегнатите заедници?

• Какви економски придобивки ќе има државата и колку трајни работни места ќе бидат создадени?

ДОМ потсетува дека Македонија сè уште се соочува со сериозни предизвици во енергетската транзиција, енергетската ефикасност и можностите за приклучување на нови капацитети од обновливи извори на енергија. Затоа секоја нова политика во оваа област мора да биде внимателно анализирана и да се темели на факти, а не на брзи законски измени донесени без широка јавна расправа и во интерес на приватни инвеститори.

Ги повикуваме Владата и надлежните институции да ги објават сите релевантни анализи и критериуми врз основа на кои ќе се креира новата регулатива и да обезбедат инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени експертската јавност, граѓанските организации и локалните заедници.

Технолошкиот развој мора да оди рака под рака со заштитата на јавниот интерес, енергетската одржливост и животната средина, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер