3Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!
Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
1Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
3Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
ЗдравјеМинистерот Филипче доби признание од Здружението „Борка" за подобрување на квалитетот на живот на пациентите со малигни заболувања Министерот за здравство Венко Филипче денеска присуствуваше на годишниот завршен состанок на членовите на извршниот одбор и собранието на Здружението за борба против ракот „БОРКА – за секој нов ден",На завршниот состанок министерот Филипче од членките на „Борка“ доби признание за подобрување на квалитетот на живот на пациентите со малигни заболувања. На оваа средба, на министерот Филипче му беше врачена благодарница за несебичното залагање и поддршка во реализација на активностите и кампањите на БОРКА со цел подобрување на квалитетот на животот на пациентите со малигни заболувања. – Исклучително ми е драго што во соработка со овие прекрасни луѓе, претседателката Биба Додева и жените борки, заеднички, преку идеја и реализација ја менуваме иднината и заедно се бориме за подобро низ процесот во кој проаѓаат лицата кои се заболени од рак во Република Македонија. Се подобруваат условите за дијагностика, условите за функционирање на скрининг програмите, но и следење на овие пациенти и овозможување на психолошка поддршка. Набавивме 30 нови биолошки лекови. Сите пациенти со рак на дојка ја имаат потребната терапија. Воведовме новина за двојно читање на мамографските слики, радиолозите треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки, рече Филипче и додаде дека за првпат обезбедена е психолошка поддршка за онколошките пациенти. Здружението „БОРКА – за секој нов ден" е сериозен партнер во здравстевниот систем, го следат светскиот тренд и се неопходна карика помеѓу пациентите и институциите во борбата со малигните заболувања. – Среќни сме дека министерот за здравство ги слуша проблемите со кои се соочуваат пациентите од малигни заболувања и превзема активности за подобрување на квалитетот на живот на овие пациенти. Сведоци сме дека изминативе две години, работите почнаа да се менуваат, има достапни терапии кои во времето кога се лекуваа многу наши Борки, меѓу кои и мојата мајка, не беа достапни и требаше да се платат од свој џеб. Се работи за прескапи, иновативни терапии кои живот значат и го продолжуваат животот на овие луѓе. Се подобруваат условите за дијагностика, условите за функционирање на скрининг програмите, но и следење на овие пациенти и овозможување на психолошка поддршка, изјави претседателката на „Борка" Додева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајопасната закана од Америка за Украина досегаАдминистрацијата на Доналд Трамп ги предупреди Украина и европските сојузници дека САД би можеле да ја прекинат размената на разузнавачки податоци и европската набавка на американско оружје за Украина. Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот и Пентагон упатија предупредувања до украинските и европските претставници, додека американската војска директно стапила во контакт со командантите во Украина. Друг извор запознаен со ситуацијата потврди дека САД се заканиле оти ќе ја прекинат размената на разузнавачки податоци. „Фајненшл тајмс“ прв објави за заканите за прекин на соработката и на набавката на оружје. „Му се јавуваат на Киев... Им се јавуваат на сите во Европа“, изјави еден од функционерите што примиле повик од Министерството за одбрана на САД. Заканите доаѓаат во момент кога претседателот Доналд Трамп е крајно незадоволен од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападите врз руските рафинерии. Трамп долго време смета дека војната меѓу Украина и Русија е причина за растот на цените на дизелот на светскиот пазар и бара од двете страни да ги прекинат нападите врз енергетските капацитети. Кон високите цени придонесе и конфликтот на САД со Иран. Еден европски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека споделувањето разузнавачки информации и набавката на оружје се „клучни“ за Украина. Тој ја опиша заканата како „тажен ден“ за Киев и неговите сојузници. Доколку заканите од САД се остварат, последиците по украинската одбрана би биле моментални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕнди Бурнам: „Путин не успеа“ Британскиот премиер Енди Бурнам потврди дека Велика Британија поседува докази оти рускиот претседател Владимир Путин се мешал во гласањето на референдумот за Брегзит.Раководителот на одделот за Блискиот Исток при британското Министерство за надворешни работи, Стивен Даути, денес изјави дека обидот на Путин не успеал. Според британскиот весник „Телеграф“, Даути изјави дека Кремљ не успеал во својот наводен обид да го поткопа референдумот за Брегзит, одржан на 23 јуни 2016 година, кога 51,9 отсто од гласачите го поддржаа излегувањето од ЕУ, а 48,1 отсто сакаа Британија да остане во Унијата. Неговите коментари уследија откако Барнам изјави дека постојат докази оти Русија се мешала во референдумот од 2016 година и дека е важно улогата на Кремљ да биде „јасно и официјално евидентирана“. Сепак, британскиот премиер не кажа дали обидите биле успешни или кој ги открил, ниту пак потврди дали лично видел какви било докази што би го поткрепиле тоа тврдење. Даути изјави дека Кремљ не успеал во обидот да влијае врз гласањето во 2016 година, додавајќи дека резултатот од гласањето за Брегзит е валиден. „Тие секако се обидоа. Јасно е каков е исходот од референдумот. Знаеме каков беше резултатот. Не мислам дека успеаја во своите напори. Не мислам дека успеаја во обидите да ги поткопаат нашите избори“, рече Даути. Барнам во неделата изјави дека, по пристигнувањето во Даунинг стрит, побарал проценка за улогата на Кремљ во гласањето во 2016 година и тогаш добил „јасен одговор дека имало мешање“. Оваа изјава на британскиот премиер ги поткрепува шпекулациите дека тој планира да го искористи наводното руско мешање како изговор за повторно одржување на референдумот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаЃорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје.- Љубовта кон Скопје се гледа во делата. Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации - паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро. - Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје. Ве повикувам да ни се придружите. Повикајте ги соседите, пријателите и колегите. Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Затоа што секое дете што ќе види возрасен како се грижи за околината, добива пример што вреди повеќе од илјада изговорени зборови. Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. На секое несовесно фрлање отпад ќе му се спротивставиме со свест, истрајност и илјадници луѓе решени да го чуваат својот град. Но, и со одговорност. Верувам во скопјани. Во нашата солидарност, во нашата енергија и во решителноста да направиме нешто добро што ќе остане и по нас. Во среда, да ги засукаме ракавите и да покажеме колку силно може да биде Скопје кога неговите луѓе ќе се обединат. За чисти маала, за здрави деца, за град на кој ќе бидеме горди. Да оставиме пример, не ѓубре! – истакна Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter