1Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаМинистерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудотВо рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар.Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Клубот на пратениците оствари билатерална средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самих Ал Марри, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, предводејќи висока владина делегација. Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар, со кој се воспоставува институционална рамка за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областа на трудот. Меморандумот предвидува соработка во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои размена на искуства, студиски посети и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Документот предвидува и формирање Заеднички комитет кој ќе ја координира реализацијата на договорените активности и ќе работи на подготовка на идни програми за соработка. На билатералната средба министрите разговараа за можностите за натамошно унапредување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји, развојот на пазарот на труд, размената на експертиза, како и за јакнење на партнерството во области од заемен интерес. „Потпишувањето на овој Меморандум претставува значаен чекор во продлабочувањето на односите меѓу Република Македонија и Државата Катар. Преку институционална соработка, размена на знаење и добри практики ќе придонесеме кон понатамошно унапредување на политиките на пазарот на труд, подобрување на условите за работа и зајакнување на капацитетите на нашите институции. Убеден сум дека ова партнерство ќе отвори нови можности за соработка и ќе донесе конкретни придобивки за двете земји“, изјави министерот Дурмиши. Посетата на катарската делегација и потпишувањето на Меморандумот претставуваат потврда на заедничката определба за натамошно зајакнување на билатералните односи и развој на партнерство засновано на взаемна доверба, соработка и размена на искуства во областа на трудот, во согласност со законодавството на двете држави.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook