Министерот Чулев во посета на полициските службеници кои го обезбедуваат карантинот во центарот на Скопје

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата сместени во државниот карантин во центарот на Скопје.

Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои се враќаат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинот го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придружува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

Од страна на полициските службеници министерот Чулев беше запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи. Полициските службеници се поставени на влез и на секој спрат од хотелот , со цел гарантирање на безбедноста и одржување на редот во објектот.

Министерот апелираше до полициските службеници да бидат максимално претпазливи пред се водејќи сметка за своето здравје , но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантин.

Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денешниот ден во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји, стои во соопштението од МВР.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер