Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот - Канал 5

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс треба да биде ослободен од затвор порано од првично планираното. 

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Неговиот датум на ослободување се менуваше неколку пати во последните месеци, а сега е повторно одложен, објавува TMZ.

Според најновите податоци од Федералното биро за затвори на САД, Комбс треба да биде ослободен на 6 февруари 2028 година. Дури минатиот месец, 2 март 2028 година беше споменат како датум на неговото ослободување, а претходно беа споменати и 21 јануари и 5 и 20 февруари истата година.

Имал проблеми во затворот

Промената на датумот доаѓа по низа проблеми што Комбс ги имал додека ја издржувал казната во Федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Поради инцидентите, според TMZ, тој неодамна бил префрлен во затворот Аленвуд во Пенсилванија.

За време на престојот во Форт Дикс, тој наводно завршил во самица поради кршење на затворските правила. Исто така, имаше тврдења дека учествувал во тепачки и користел шверцувани мобилни телефони.

NBC News претходно објави и за наводниот преференцијален третман што Комбс го добил зад решетки. Според овие тврдења, тој им плаќал на други затвореници да го масираат, да му готват и да извршуваат секојдневни домашни работи.

Тој беше осуден на 50 месеци затвор

Да потсетиме дека во 2025 година, Диди беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за транспорт на лица преку границите на американските држави со цел проституција, што го прекрши таканаречениот Манов закон.

Сепак, поротата го ослободи од посериозните обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

За кривичните дела за кои беше прогласен за виновен, тој беше осуден на 50 месеци, или четири години и два месеци затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од Моди

Десетици илјади луѓе се собраа во Њу Делхи за да протестираат против владата на Нарендра Моди, додека гневот расте низ цела Индија поради сеопфатната ревизија на избирачкиот список со која се отстранети 130 милиони имиња.

Десетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од Моди

Опозицискиот сојуз на Индија, предводен од Конгресната партија, ги собра поддржувачите од целата земја на митинг во индискиот главен град.

Опозициските лидери велат дека ревизијата на избирачкиот список ѝ дава на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЏП) на Нарендра Моди изборна предност и побараа оставка и отстранување на нејзиниот главен изборен службеник, Гјанеш Кумар.

БЏП ги отфрли обвинувањата, објавува Гардијан.

Опозицискиот лидер Рахул Ганди изјави на митингот дека Кумар „го извршил најголемиот злостор со обидот да го замолчи гласот на народот“.

Ганди рече дека обединетата опозиција нема да дозволи „демократијата во земјата да биде уништена“ и му рече на Моди дека „нема каде да бега“.

Најголемиот предизвик за режимот дојде во форма на протести предводени од млади, организирани од движење кое се нарекува себеси „Лебарки“, што доведе до оставка на еден од министрите на Моди, потсетува „Гардијан“.

Опозицијата, предводена од Ганди, ги загуби последните три циклуси општи избори од БЏП, бидејќи опозициските партии во голема мера не успеаја да се спротивстават на силната хинду националистичка реторика на БЏП, објави весникот.

Прашањето за ревидирање на избирачките списоци беше покренато минатата година, но неодамна стана национален скандал откако истрагата на весникот „Индијан експрес“ откри неправилности и несогласувања во рамките на Изборната комисија околу спроведувањето на процесот.

Милиони луѓе кои според сите стандарди треба да имаат право на глас открија дека нивните имиња недостасуваат од избирачките списоци, при што муслиманите и малцинствата се непропорционално погодени.

„Хјуман рајтс воч“ оваа недела изјави дека обвинувањата покренуваат „сериозни прашања за фер однос на идните избори во Индија“. Партијата БЏП се обиде да ги отфрли протестите на опозицијата како анархија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови

Хуманоидни роботи се искачија на планинска патека долга 3,9 километри на планината Таи во Кина, искачувајќи се на 3.100 камени скали, во првото натпреварување во качување за роботи во светот.

Светски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови

Покрај нив, во необичниот предизвик учествуваа и четириножни роботи и роботски егзоскелети, надминувајќи висинска разлика од 600 метри. Рутата вклучуваше стрмни падини, долги скали и остри кривини, објави CBS.

Додека набљудувачите гледаа, роботите напредуваа по планината, а некои од нив дури и стигнаа до целта. Настанот ја претвори една од најпознатите планински патеки во Кина во тест-полигон за роботи.

Нерамните камени скали и стрмните искачувања ја тестираа способноста на машините да одржуваат рамнотежа и да го совладаат тешкиот терен. Некои од четириножните роботи, исто така, носеа залихи од храна по патот.

На натпреварот учествуваа 90 тимови кои ги презентираа најновите достигнувања во областа на истражувањето и инженерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер