Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“ - Канал 5

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, учествуваше на онлајн промоцијата на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“, што претставува регионален документ подготвен со поддршка на Светската здравствена организација.

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“

Во своето обраќање, министерот Алиу истакна дека приоритетите од Патоказот се целосно поврзани со реформските процеси што ги спроведува Министерството за здравство, со посебен акцент на дигиталната трансформација, електронските здравствени досиеја, подобрата размена на податоци меѓу институциите и усогласувањето со европските стандарди.

-Од перспектива на Министерството за здравство го поздравуваме овој Патоказ како вредна регионална рамка. Тој во голема мера ја одразува актуелната состојба и реформските приоритети што се важни за нашата земја. Неговиот фокус на зајакнување на примарната здравствена заштита и јавното здравје, човечките ресурси во здравството, здравствената безбедност и подготвеност, превенцијата и контролата на незаразните болести, имунизацијата и регионалната соработка е исклучително релевантен за нашиот национален контекст. За нас, овие приоритети не се апстрактни. Тие се директно поврзани со реформите што во моментов ги спроведуваме. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој е поотпорен, повеќе насочен кон луѓето, повеќе ориентиран кон превенција и подобро воден од податоци и докази. Здравствен систем што може да одговори на итни состојби, но и секојдневно да обезбедува квалитетни услуги. Систем што ги поддржува граѓаните не само кога се болни, туку им помага и да останат здрави, истакна во обраќањето министерот Алиу.

Тој посочи дека првата област е дигиталното здравство и е една од централните реформски области во здравството за подобро планирање, подобра координација, поголема транспарентност и подобри услуги за граѓаните. Втората област е квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Пристапот до услуги останува суштински - на граѓаните им се потребни услуги што се безбедни, ефективни, навремени, правични и со висок квалитет. Веруваме дека квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите ќе бидат клучни и во спроведувањето на Патоказот.

-Нашата држава е подготвена активно да придонесе во овој процес. Веруваме дека регионалната соработка може да ни помогне да учиме едни од други, да избегнеме дуплирање на напорите и побрзо да се движиме во областите каде што нашите предизвици се слични. Со заедничка работа можеме да ја зајакнеме подготвеноста, да ги подобриме јавно-здравствените функции, да ги поддржиме здравствените работници, да ја унапредиме дигиталната трансформација и да обезбедиме подобри резултати за нашите граѓани, посочи Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна Владата на Украина

Украинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.

Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју Лосон

Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. 

Протоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју Лосон

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика.

Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата.

Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка.

Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста.

Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер