Министерката за правда на Косово барала трансфер на терористи од Диво Насеље од Македонија, меѓу нив е и нејзин зет - Канал 5

Министерката за правда на Косово барала трансфер на терористи од Диво Насеље од Македонија, меѓу нив е и нејзин зет

Косовска министерка барала трансфер на терористи од Диво Насеље меѓу кои и нејзин зет

Министерката за правда на Косово барала трансфер на терористи од Диво Насеље од Македонија, меѓу нив е и нејзин зет

Министерка за правда на Косово, Албулена Хаџиу побарала префрлање на нејзиниот зет осуден во случајот Диво Насеље од затвор во Македонија во затвор во Косово.

Министерката Хаџиу поднесла официјално барање за префрлање на нејзиниот зет и уште четворица осудени во случајот Диво насеље Куманово во Македонија.

Министерката за правда побарала од својот македонски колега да ги префрли петте осудени лица во косовските затвори, со кои таа управува, според писмото до кое дојде „Папараци“. Барањето не е одобрено. Мухамет Красниќи, зет на Хаџиу, отслужува доживотна казна затвор во Македонија.

Министерката во август 2024 година му напишала писмо на својот македонски колега за осудените во случајот Куманово.

Минатата година, таа поднела официјално барање за трансфер на пет осудени лица во случајот Куманова, вклучувајќи го и нејзиниот зет, кои се во затвори во соседна земја.

Во писмото, Хаџиу побарала од Министерството за правда во Македонија да дозволи трансфер на нејзиниот зет Мухамет Красниќи и уште четворица во косовските затвори.

Барањето не било одобрено. Петмината осудени за тероризам во случајот „Куманова“: Мухамет Красниќи, Бајрам Елшани, Бек Бајра, Бетим Кабаши и Деме Шеху се во затвори во Македонија.

Министерствата за правда на Косово и Македонија одбија да коментираат за содржината на писмото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу боли

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“.

Канцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу боли

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“ на партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во покраината.

На состанокот на федералното претседателство на CDU, Мерц рече дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објави Bild.

„Ова ја потресува нашата партија до темел. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас ниту федералната влада“, нагласи Мерц.

Тој оцени дека CDU „драматично ги загубила“ изборите, кои, според него, претставуваат „длабока пресвртница“ за партијата.

Германскиот канцелар нагласи дека CDU мора отворено да разговара за проблемите, но и да го одржи единството, предупредувајќи ги членовите да не ѝ штетат на CDU со давање јавни изјави против партијата.

Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол.

Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот.

Според него, кампањата била „крајно тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена сериозност, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не гласале.

„Многу боли, но мора да го прифатиме“, рече Шулце.

Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија преку ноќ.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Билд утрово.

AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години.

Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток.

„Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА.

Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати.

„Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“.

Хотелот е во процес на реновирање.

Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат.

Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер