3Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор
Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
2Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
3Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
КултураМинистерката за култура Канческа-Милевска во посета на ТурцијаМинистерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска престојува во работна посета на Република Турција каде што ќе и биде врачена меѓународната награда „Yes to Art“ во рамки на „Anatolian Theatrical Awards“, која и се доделува за остварувања во уметноста и културата врз основа на досегашните активности реализирани во нашата земја.Како што соопшти Министерството за култура, оваа награда која е единствена на меѓународно ниво, трета година по ред, во Истанбул, ја доделува реномираното списание за театар „Tiyatro Gazetesi“. На доделувањето се поканети повеќе од 50 врвни уметници, раководители на ансамбли на кои ќе им бидат доделени наградите, меѓу кои е и Националната установа Турски театар - Скопје. Ова е второ признание за министерката за култура Канческа-Милевска во Република Турција која во 2011 година беше одликувана и со наградата „Златен чинар“ за посебни постигнувања во културата и уметноста, ифнормира Министерството. Во рамки на посетата, Канческа-Милевска во текот на денешниот ден ќе оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Наби Авчи, со кого ќе разговара за актуелни проекти, но и за идните активности за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Турција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институцииДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер ИмериДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери, но најави дека Царината ќе преземе сопствени мерки, откако ќе заврши постапката на надлежното обвинителство и полицијата. На Имери скопскиот Кривичен суд му определи 30 дена притвор. По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК го осомничи дека примил 17.500 евра од кои дел за веќе склучен договор да се реализира без пречки. -Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е во наша надлежност меѓутоа оваа постапка ја води надлежното обвинителство, полицијата го изврши апсењето така да ќе чекаме во коминукација со нив и потоа ќе преземеме наши мерки како што преземавме за сите досега осомничени кои беа во нашите редови,- изјави – Бобан Николовски – Директор на Царинска управа на РМ. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на граничниот премин Табановце на настанот по повод завршување на проектите реализирани во рамки на акцискиот документ – ЕУ против организираниот криминал со поддршка за трговијата, порача дека државата ќе продолжи да се бори против криминалните структури. -Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во меѓувреме, Владата најавува и проект со Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кој граѓаните треба да добијат дополнителен механизам за пријавување сомнежи за корупција, преку телефонска линија и други канали за пријавување. Од Транспаренси засега не откриваат многу детали за начинот на кој ќе функционира механизмот, со објаснување дека проектот е сè уште во зачеток и дека се работи на неговото прецизирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКамениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлувањеЗапочнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот.Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје. Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот. Посебен акцент ќе биде ставен на неговите препознатливи камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз, без да се наруши изгледот и карактерот на објектот. Камениот мост е сведок на историјата на Скопје и еден од најзначајните елементи на градскиот идентитет. Како врска меѓу двата брега на Вардар, мостот со векови е дел од животот на градот и неговите граѓани. Реализацијата на проектот е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот. „Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот“, порачаа од Градот Скопје. Со реализацијата на проектот, Камениот мост ќе добие нов визуелен идентитет во вечерните часови, со што дополнително ќе се збогати градскиот простор и туристичката понуда на Скопје. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЦана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојбаНа Инфективната клиника во моментов се лекуваат седум пациенти од кои два се сеуште во критична состојба.Се намалува бројот на заболени, за само десет дена регистриран е само еден сомнителен случај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook