Министерката за енергетика Божиновска и МЕРМС застануваат зад младите иноватори - Канал 5

Министерката за енергетика Божиновска и МЕРМС застануваат зад младите иноватори

Министерството покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

Министерката за енергетика Божиновска и МЕРМС застануваат зад младите иноватори

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта.

Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција.

Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија.

„Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија“, порача Божиновска.

Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакнa дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството.

„Европската ноќ на истражувачите“ е можност науката да излезе од лабораториите и академските кругови и да стане поблиска до граѓаните, особено до младите. Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и нови технологии, Божиновска нагласи дека технологијата сама по себе не е доволна – потребни се знаење, креативност и одговорност за таа да се претвори во вистинска иновација.

Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта се организира веќе 18 години, а од 2009 година ко-организатори се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Машинскиот факултет – Скопје при УКИМ.

Од 2021 година, во рамки на Машинскиот факултет функционира и Центарот за извонредност за зелени иновации, кој е главен организатор на натпреварот. Натпреварот веќе има и значајно европско признание – ја освои престижната ETF Green Skills Award 2025, во конкуренција на 250 апликации од повеќе од 50 земји.

Оваа година интересот на средношколците е особено значаен. 42 средношколски тимови пријавија свои иновативни зелени решенија, а повеќе од 60 наставници од Скопје, Охрид и Штип учествуваа во обуки поврзани со подготовката на натпреварот.

Со официјалното најавување на покровителството, Божиновска упати повик до средношколците да размислуваат смело, да истражуваат и да создаваат.

„Не треба да се плашите од големите идеи. Истражувајте, експериментирајте и користете го знаењето и новите технологии за да создавате решенија. Можеби токму една идеја која започнува како училишен проект ќе прерасне во иновација, компанија или решение кое еден ден ќе придонесе за почиста енергија, поефикасно користење на ресурсите и подобар живот за сите нас“, истакна Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со покровителството се приклучува кон иницијативата за поддршка на младите, развој на зелените вештини и создавање нова генерација иноватори, со цел знаењето и креативноста на младите да добијат простор да се претворат во конкретни решенија и нови можности.

Говорејќи за значењето на науката и иновациите, Божиновска истакнa дека енергетската транзиција, енергетската ефикасност, обновливите извори, новите технологии и одржливото користење на ресурсите не се само прашања за институциите.

„Одговорите на овие предизвици ќе ги создаваат токму денешните млади. Затоа тие не треба да бидат само идни учесници во промените – тие треба да бидат нивни активни креатори“, истакнa министерката.

Од Министерството нагласуваат дека поддршката на ваквите иницијативи е инвестиција во иднината – затоа што зелената транзиција не е само промена на енергетскиот систем, туку и промена на начинот на кој размислуваме, создаваме и ја градиме економијата.

Од „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ, пораката е јасна: кога младите имаат знаење, идеја и храброст да создаваат, институциите треба да им дадат простор и поддршка идеите да станат реалност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

За влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ,  мора да има и кривична и политичка одговорност.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола.

Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески.

Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски.

Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал?

СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност.

Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка.

Скопје, 25.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто.

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

Кралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода.

Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1.

Лига на шампиони, 5. коло

вторник

Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2

Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77

Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55

Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57

Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг

Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76

РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58

Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п

Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57

среда

18:45 Сабах - Барселона

18:45 Славија - Виљареал

21:00 Атлетико Мадрид - Викинг

21:00 Клуб Бриж - Ливерпул

21:00 Интер - Штутгарт

21:00 Лил - Баерн

21:00 ПСЖ - Рома

21:00 Шахтјор - Фенербахче

21:00 Спортинг - Манчестер Јунајтед

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер