Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон - Канал 5

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон.

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Како што соопшти Министерството за финансии, учеството ќе биде можност министерката да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, на кои ќе ги претстави остварувањата и идните планови за фискалната политика и реформските чекори што ги презема Владата во управувањето со јавните финансии, а со цел одржување макроекономска стабилност.

Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со извршниот директор во ММФ Јерон Клик, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за РС Македонија Анет Кјоб. Воедно, ќе се сретне и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд.

Министерката, како што се наведува во соопштението, ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со извршниот директор во Светската банка Јуџин Ругенат, потпретседателката Антонела Басани, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју, како и со директорот за земјава во СБ Масимилијано Паолучи.

За време на престојот во Вашингтон, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне и со претставници од Трезорот на САД и од мултинационални корпорации за финансиски услуги, коишто се вклучени во процесите на издавање еврообврзници на нашата земја. Исто така, министерката ќе учествува и на Регионалната тркалезна маса за платежни системи, посветена на Единствената област за плаќања во евра - СЕПА, во чии рамки од годинава се приклучи и нашата земја.

Пролетните средби се редовен годишен настан на Групацијата на Светската банка и ММФ, на кој присуствуваат министри за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл., а на кој се дискутира за глобалната економија, меѓународниот развој и финансиските пазари.

На Пролетните средби министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска. Во составот на делегацијата се и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претходно престојуваше во Чикаго, САД, каде што оствари средби со македонската дијаспора од овој дел на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји.

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст.

Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности.

„Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски.

На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос.

Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти.

Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Европската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер