Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
1Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
2Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
3Мираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија
МакедонијаМинистерката Божиновска ја иницира мрежата на македонски експертиСредба со истакнатата македонска инженерка во Германија, Ангела Попова.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со почна значајна иницијатива насочена кон поврзување со истакнатите македонски професионалци во областа на енергетиката и рударството, кои моментално прават значаен напредок во странство, информираат денеска од Министерството. Во оваа насока, додаваат, министерката Божиновска остварила средба со Ангела Попова, истакната млада инженерка. -Ангела е електроинженер со магистерски студии по електроенергетика (M. Sc) на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што ги продолжува и своите докторски студии. Нејзиното истражување е фокусирано на пренос на електрична енергија преку високонапонски системи, при Катедрата за пренос и дистрибуција на електрична енергија на истиот универзитет. Таа активно учествува во меѓународни проекти и претставува силен глас на новата генерација македонски инженери кои својата експертиза ја применуваат на европско тло, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На средбата, Божиновска и Попова размениле идеи за потенцијалната соработка, важноста на поврзаноста со нашите експерти во странство и начините на кои тие може да придонесат за трансфер на знаење, консултативна поддршка и отворање нови можности за институционална и деловна соработка. Оваа средба, како што се нагласува во соопштението, претставува прв чекор во иницијативата на Министерството за воспоставување официјална мрежа на македонски експерти во областа на енергетиката и рударството, која ќе биде основа за систематска соработка, размена на информации и пристап до најновите трендови и технологии во секторот. -Поврзувањето со нашите талентирани сограѓани во странство е клучно за зајакнување на нашиот енергетски сектор и поттикнување на иновациите. Преку соработка со нашите угледни инженери и професионалци, можеме да ги искористиме нивните знаења и увиди за подобрување на нашите стратегии и цели за развој во Македонија, истакнала министерката Божиновска. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини велат, оттаму, е цврсто посветено на градење на оваа мрежа и отворање канали за комуникација и соработка со нашите професионалци надвор од земјата. Оваа платформа треба да придонесе за побрз развој на секторот, заснован на знаење, иновации и глобални искуства. -Ги повикуваме сите македонски професионалци во странство кои се активни во областа на енергетиката и рударството да стапат во контакт со Министерството и да станат дел од оваа мрежа.Исто така, доколку познавате некој истакнат експерт – колега, пријател, професор или истражувач – ве охрабруваме да ни испратите информација (име, институција, поле на дејствување), а ние ќе се погрижиме да воспоставиме контакт, нагласуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Контакт информации и официјалните адреси се достапни на веб страницата на Министерството www.ea.gov.mk .Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банкаНа денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка. „Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова. Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка. Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност. „Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСтојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД БитолаДафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, постави прашање до Трифун Костовски во врска со механизмите за спасување на Еуростандард банка, како и дали тој остварил средби со тогашни владини функционери. ,,Во периодот пред затворањето на Еуростандард банка, дали лично остваривте средби или комуникација со тогашниот премиер Зоран Заев, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска или пак со било кој друг висок државен функционер и што конкретно побаравте од нив, доколку имало некаква комуникација и дали евентуално нешто имаме доказ за тие разговори и преземените обврски?“, праша пратеничката Стојаноска. Таа посочи дека Костовски во изминатиот период јавно го поддржал пристапот на Народната банка кон Алта банка, односно преземените мерки за нејзино стабилизирање и обидот за обезбедување нов сопственик: ,,Кои конкретни механизми за спасување на Еуростандард банка ги имаше на располагање во 2020 година Народна банка, а според вас не ги искористи и дали тогаш формално или официјално побаравте воведување администрација наместо од она што се случи одземање на дозволата за работа“. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваАвстралиска репортерка стана интернет сензација: „Дали има дозвола за тие мускули?“ (ВИДЕО)Австралиската телевизиска репортерка Савана Бурк стана вирална по нејзиниот извештај за евакуација предизвикана од сомнителен пакет.Сепак, вниманието на гледачите не го привлече самата вест, туку нејзините мускулести раце. Снимката од нејзиниот извештај се прошири на социјалните мрежи и собра милиони прегледи. Вниманието на гледачите насочено кон нејзините мускули Бурк, репортерка за австралиската мрежа „7News“, известуваше за безбедносен инцидент во градот Маручидор. За време на нејзиното јавување пред камерата, гледачите ги забележаа нејзините добро дефинирани мускули на рацете, а снимката брзо почна да кружи на интернет. View this post on Instagram A post shared by 7NEWS Sunshine Coast (@7newssc) Наместо да дискутираат за самиот инцидент, многу луѓе на социјалните мрежи почнаа да зборуваат за нејзината физичка подготвеност. „Директно од теретана пред камера“, „Мислам дека никој не слуша што зборува таа“, „Е, ова се вистински бицепси“, „Не слушнав ниту збор од тоа што го кажа“ и „Дали има дозвола за тие мускули?“ – ова се само дел од коментарите. Околу илјада луѓе евакуирани поради сомнителен пакет Инцидентот за кој известуваше Бурк се случи во вторникот, на 17 ноември, кога околу илјада луѓе беа евакуирани поради сомнителен пакет. Полицијата го огради просторот околу улицата „Корнмил Парејд“ откако во локалната полициска станица пристигна сомнителен плик. Пакетот бил примен веднаш по пладне, а на лице место биле испратени пожарникари и специјализирани тимови за да проценат дали постои опасност. Увидот покажа дека пакетот не содржи експлозивни материи и не претставува опасност за јавноста. Џеси Кармајкл, вршител на должноста командант на противпожарната станица, изјави за „7News“ дека службите за итни случаи мора секогаш сериозно да ги сфаќаат ваквите ситуации, без оглед на тоа дали на крајот навистина постои реална закана или не. Извор: Индекс.хрТагови: Австралија репортерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook