Минималната плата останува отворено прашање

​Нема договор и по втората средба меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. 

Минималната плата останува отворено прашање

Синдикатите остануваат на барањето за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, додека дел од работодавачите со предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата. Она за што сите социјални партнери се согласни е дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата не е прифатлив за никој.

Разговорите, според најавите, треба да продолжат следната недела откако во понеделник на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

– Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до определено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа би значело. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за предлогот да го покриеме одреденото зголемување на минималната плата, изјави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата.

Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери.

– Мораме да продолжиме да дискутираме и да најдеме одржливо решение кое ќе генерира еднаш за секогаш да заборавиме да зборуваме за минимална плата. За жал, во нашата држава 13,8 проценти од работниците се приматели на минимална плата, а просекот во Европската унија е три проценти. Ние треба да зборуваме како да го намалиме овој просек, рече Битиќи.

Синдикатите остануваат на нивните барања и на најавите за генерален штрајк. Тие вчера одржаа предупредувачки собир пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија, а за четврток на 10 февруари најавија собир пред Собранието кога на пленарна седница треба да се расправа за измените на Законот за минимална плата предложени од „Левица". Од вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет излегоа незадоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на страната на работниците.

– Очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми, за нивниот капитал. Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, а Владата излезе со одлична анализа која кажува дека моделот што го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив и опстоен во идните години. Ја охрабрувам Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, изјави вчера претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Работодавачите пак сметаат дека нивниот предлог е најприфатлив. Според нивните пресметки, минималната плата би се зголемила над 16.300 денари.

– Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние што ги дава синдикатот. Како компании работиме на долг рок и сите наши планови ги правиме на долг рок и сметаме дека од денес за утре платите на работниците не вродува со сигурност за нивното работење, изјави вчера претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.

За синдикатите, ваквиот предлог на работодавачите е неприфатлив бидејќи вредноста на синдикалната минимална кошничка изнесува 35.040 денари и две вакви минимални плати се малку за да може работниците да ги покријат минималните месечни потреби.

И додека течат преговорите за зголемување на минималната плата, во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата поднесен од „Левица" со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата. Досега, поддршка за ваквиот предлог најавија од ДОМ, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија.

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

– кој е себичен, а кого го чекаат големи трошоци? Еве што открива тоа за вашата личност!

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

Секоја буква има своја вибрација – посочува нумерологијата.

Името на една личност може да открие многу за нивниот карактер и личност. Во многу култури, се верува дека повторувањето на одредени букви во името може да влијае на карактеристиките на една личност. Еве како, користејќи нумерологија, поединечните букви можат да го обликуваат карактерот на поединецот.

Имено, според нумеролошката интерпретација, секоја буква во името носи посебна вибрација.

Повторување на буквите A, И, Ј

Луѓето во чиишто имиња се повторуваат овие букви се сметаат за храбри, силни, се стремат кон независност и слобода, се стремат кон висок социјален статус и се склони кон борба за признавање и напредување во кариерата.

Повторување на буквите Б, К, Р

Повторувањето на овие букви во името укажува на емотивна и уметничка личност, која е тактична и им помага на другите. Таквите луѓе често се чувствителни и склони кон уметничко изразување.

Повторување на буквите Ц, Г, Л, С

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви се исклучително имагинативни и талентирани во уметничкиот израз. Сепак, тие можат да бидат склони кон себично однесување и трошење енергија во потрага по задоволство.

Повторување на буквите Д, М, Т

Повторувањето на овие букви укажува на личност која напорно работи, управува со финансиите и презема одговорност за своето семејство. Сепак, ова може да го забави нејзиниот напредок.

Повторување на буквите Е, Х, Н

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви може да бидат успешни во правни работи или во продажба, но истовремено може да бидат склони кон неодговорност во семејниот живот.

Повторување на буквите У, В

Повторувањето на овие букви во името, често укажува на личност со изразени уметнички таленти, која се стреми кон општествено признание и популарност, сака патувања и општествени активности.

Повторување на буквите О, З

Повторувањето на овие букви во името укажува на личност која сака длабоко размислување, истражување и медитација, и се стреми кон вистина и оддалечување од секојдневните проблеми.

Повторување на буквите П, Ф

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви често се способни и моќни во бизнисот, но истоврмено може да имаат потешкотии во семејниот живот и да се соочат со големи трошоци.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

притисни ентер