„Macedonia Takeover – MK in MK“: Највлијателниот креатор на улична кошарка Мат Киатипис ќе ја промовира Македонија пред милионска публика
1„Macedonia Takeover – MK in MK“: Највлијателниот креатор на улична кошарка Мат Киатипис ќе ја промовира Македонија пред милионска публика
МакедонијаМинималната плата од април повисока за 2.392 денари, ќе изнесува 22.567 денари Минималната плата за месец март која ќе биде исплатена во април ќе биде за 2.392 денари поголема во однос на минималната плата за 2023 година, утврдил вчера Економско социјалниот совет на седницата што одржала во Влада... Повисока минимална плата за 2400 денари од идниот месец за околу 60.000 вработени од јавниот сектор , вклучувајки ги и оние кои ќе имаат усогласување согласно колективните договори, беше утврдено на вчерашната седницата на Економско социјалниот совет. Со ова минималната плата за месец март ќе изнесува 22.567 денари. Ова на својот фејзбук профил го објави и Министерот за економија Крешник Бектеши кој напиша дека ова е бенефит за работниците. Според методологијата на Министерсвото за труд и социјала прилагодувањата на минималната плата се одраз на промените на просечната заработка и на трошоците за живот. „Согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата за претходната година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“ - велат од МТСП. Иако синдикатите ја поздравија оваа одлука, тие изразуваат загриженост во делот на усогласувањето на минималните плати согласно колективните договори. Според Претседателот на КСС Благоја Ралповски во минатите усогласувања на платите низ годините Законите не биле целосно испочитувани и апелира овојпат тоа да не се повтори. Според Ралпковски спорно е и тоа што четирите закони за административните службеници, со кои според него се укинува минималната плата, повторно биле ставени на пленарна седница во Собранието и ги повика пратениците да не ги гласаат. „ Изминативе 6,7 години платите беа усогласени само некаде 2 пати некаде 3 пати, а оние претходни години кога се покачуваше платата немаше усогласување ниту во еден сектор. Уште еден апел пратениците во Собранието да се издигнат над партиските директиви и да излезат во пресрет на работниците во Македонија и законите да бидат отфрлени на собраниска седница. “ По утврдувањето на новата минимална плата, синдикатите по формирањето на новата Влада најавија дека ќе побараат дополнителна корекција со цел минималецот да изнесува 450 евра , а најавија и голем протест на први мај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Macedonia Takeover – MK in MK“: Највлијателниот креатор на улична кошарка Мат Киатипис ќе ја промовира Македонија пред милионска публикаОд 10 до 15 август 2026 година, Македонија ќе биде домаќин на еден од најатрактивните и најавтентични спортско-културни проекти реализирани во регионот, во организација на „Лолипоп ентертаинмент груп“.За првпат во Македонија пристигнува светски познатиот изведувач на улична кошарка и еден од највлијателните креатори на кошаркарска содржина во светот, Мат Киатипис (MK - MKIATIPS). Тој ќе биде дел од шестдневната турнеја „Macedonia Takeover - MK in MK“, проект кој ги обединува спортот, музиката, културата, гастрономијата и дигиталните медиуми во едно уникатно искуство. Мат Киатипис е препознатлив по своите спектакуларни кошаркарски настапи, милионските прегледи на содржините што ги објавува на социјалните мрежи и соработките со некои од најголемите светски брендови. Неговата содржина редовно достигнува десетици милиони луѓе ширум светот, што го позиционира како еден од највлијателните амбасадори на современата кошарка и дигиталната креаторска култура. Сепак, овој проект не претставува само спортски настан. Главната цел на турнејата е преку глобално препознатлив креатор да се претстави Македонија пред светската јавност, како земја со богата култура, традиција, гастрономија, музика и исклучително гостопримство. Во текот на шесте дена ќе се создава оригинална содржина која ќе биде објавувана преку платформите „Instagram“, „TikTok“ и „YouTube“, со потенцијал да достигне милиони органски прегледи кај публика од целиот свет. Во рамките на турнејата ќе бидат организирани три големи јавни кошаркарски настани - во Скопје, Куманово и Охрид, како и снимање музички проект, продукција на музички видеоспот, промотивни активности, посета на најпознатите македонски знаменитости и презентација на македонската гастрономија и винската традиција. Настанот во Скопје ќе се реализира во координација со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, кој оваа година одбележува 60 години од своето постоење и претставува една од најзначајните институции во македонската кошарка. View this post on Instagram A post shared by Matt Kiatipis (@mkiatipis) Активностите во Куманово ќе се реализираат во соработка со MM Sport, додека организацијата на настанот во Охрид ќе биде поддржана преку партнерство со Inex Olgica, како дел од заедничката визија за промоција на Македонија преку спортот, туризмот и современата дигитална комуникација. Организаторите очекуваат повеќе од 10.000 посетители на трите настани, како и повеќе од 5 милиони органски прегледи на содржините создадени за време на турнејата, со дополнително засилување преку домашни и регионални влијателни лица и медиуми. „Macedonia Takeover - MK in MK“ претставува прв проект од ваков тип во Македонија, кој ја поврзува кошарката со дигиталната креаторска сцена, а амбицијата е тој да прерасне во традиционален меѓународен настан кој секоја година ќе привлекува светски познати личности, креатори и спортисти. Проектот е фантастична можност Македонија да се претстави пред светот на современ, автентичен и глобално препознатлив начин - преку приказни, луѓе и содржини кои природно го привлекуваат вниманието на милионска публика.Тагови: MK in MK Мат Киатипис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидериХристијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа“ и „прва по туризам“.Реалноста на граѓаните е сосема друга. Платите стојат. Инфлацијата продолжува. Цените растат секој месец. Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии. Владата сака да го национализира вториот пензиски столб - да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа. Есента доаѓа. Во септември почнува училиште. Зимата е блиску. Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав. Увоз на струја значи ново поскапување. Централното греење поскапе. Ќе поскапи и огревното дрво. Владата не е способна да води економска политика. Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања. Земјоделците се во најтешка состојба. Нафтата и ѓубривата поскапеа. ИПАРД фондовите ги нема поради корупција. ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада. Нема мерки, нема откуп, нема субвенции. Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај. Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09