КошаркаМинимална победа на Црвена звезда за зачувување на првото местоАктуелниот шампион во регионалната АБА кошаркарска лига, белградска Црвена звезда забележе минимална победа над Игокеа со 68:66 во последниот меч со кој беше комплетирано шестото коло. Со овој црвено-белите останаа на врвот на табелата со максимални шест победи колку штп имаат и екипите на Будуќност и Партизан. На останатоте натпревари од ова коло беа постигнати овие резултати: МЗТ Скопје Аеродорм Карпош Соколи 74:71, Цедевита – Крка 82:83. ФМП – Партизан 56:65. Олимпија – Цибона 72:89, Задар – Мега 90:86 и Будуќност – Морнар 85:68. Табела: Црвена звезда 6-0 (победи-порази), Будуќност 6-0, Партизан 6-0, Цибона 5-1, Цедевита 3-3, Игокеа 3-3, Задар 3-3, Морнар 2-4, ФМП 2-4, Крка 3-3, Мега Лекс 1-5, МЗТ Скопје Аеродром 1-5, Унион Олимпија 1-4, Карпош Соколи 0-6. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаКривична пријава за намерно предизвикување стечај со цел избегнување на обврски кон доверителиНамерно предизвикал стечај на својата фирма додека друга фирма бара да си наплати речиси пет милиони евра- Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес против сопственик и управител од Валандово.Намерно предизвикал стечај на својата фирма додека друга фирма бара да си наплати речиси пет милиони евра- Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес против сопственик и управител од Валандово, а според информациите кои ги објави „Слободен печат“, се работи за зетот на поранешниот премиер Заев, Атанас Костов. Според доказите тој ја однел фирмата во стечај, во периодот од 2020 до 2023 година за да ги избегне долговите, од кои најголем бил тој кон австриската фирма АММА која за наплатата има пресуда од Арбитражниот суд во Виена. Од Финансиската полиција објавија дека се обидел привидно имотот да го префрли на друга фирма, а потоа парите ги префрлал на фирма на сопругата. Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, првопријавениот, со помош на третопријавениот Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото, при што биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото. Спорот меѓу австриската „АММА“ и фирмата на Костови „Дена продукт“ трае веќе неколку години. Според информациите во медиумите, наместо да извезуваат корнишони од прва класа на австриската фирма, мамеле и извезувале на друга странска фирма. За спорот на двете фирми во 2023 година имаше реакција и од австрискиот амбасадор во земјава Вуцас кој ги потенцираше роднинските врски врски на Зоран Заев и неговата прва братучедка, Емилија Заева Костова. Тогаш тој побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да се отстранат сите пристрасни судии и обвинители поврзани со овој случај. Инаку стечјаната постапка е се уште во тек, а од исходот на овој спор ќе се знае кој ќе може да наплати од стечајната маса на фирмата од Валандово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12