ТехнологијаМини-роботи како безболна замена за колоноскопијата Британски научници развија иновативна технологија којашто би можела да го промени начинот на дијагностицирање и лекување на ракот на дебелото црево - една од најсмртоносните болести на нашето време. Станува збор за „мини-роботи“ во капсули - големи колку паричка, направени со 3Д-печатење, коишто се движат низ дигестивниот тракт и прават тродимензионални слики од ткивото во реално време, објави Универзитетот на Лидс. Ракот на дебелото црево е втора најчеста причина за смрт од рак во светот. Најголемиот проблем е што болеста често се открива доцна, кога можностите за лекување се ограничени. Затоа секоја иновација што ја забрзува и поедноставува дијагностиката е од огромно значење, а новата технологија „претставува чекор кон иднината во којашто раното откривање нема да се сведе на непријатни и инвазивни процедури“, нагласуваат авторите на студијата. Роботите се движат низ цревата со помош на надворешно магнетно поле контролирано од лекари. Нивната способност е прецизно да ја мапираат внатрешноста на цревата и тоа дава увид во можните промени што можеби укажуваат на рана фаза на рак, објави „Медскејп“ (Medscape). Тоа значи дека, за разлика од класичните методи, оваа технологија нема да опфаќа непријатни прегледи како што е колоноскопијата. „Целта е да им се обезбеди на пациентите безболен, брз и точен преглед што ќе овозможи болеста да се открие рано... Ракот на дебелото црево е болест што можеме да ја победиме само ако ја откриеме навреме“, нè потсетуваат британските лекари и истражувачите од британскиот Универзитет, кои стојат зад научниот проект. Инаку, првите тестови врз животни веќе покажаа охрабрувачки резултати - роботите успешно се движат низ цревата и со голема прецизност ги бележат промените во ткивото. Следната фаза се клиничките испитувања врз луѓе, коишто според планот на тимот, би можеле да почнат во текот на следната година. Доколку се потврдат очекувањата, оваа технологија би можела да стане составен дел од рутинските прегледи и да ја замени класичната колоноскопија. Покрај 3Д-снимањето, роботите во иднина би можеле да бидат опремени и со алатки за земање примероци или дури и насочено доставување лек директно во заболеното ткиво. Ова би отворило можности за персонализирана терапија и значително би ја намалило потребата од хируршки зафати. Затоа, иновации како оваа даваат нова надеж дека прегледите ќе бидат побрзи, побезболни и многу поделотворни во иднина. Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook