Минхенска безбедносна конференција:Украина нема да прифати договори направени зад нејзиниот грб - Канал 5

Минхенска безбедносна конференција:Украина нема да прифати договори направени зад нејзиниот грб

Втор ден како очите на светската јавност се вперени во Минхен каде главна тема е можноста за ставање на крај на војната меѓу Русија и Украина. 

Минхенска безбедносна конференција:Украина нема да прифати договори направени зад нејзиниот грб

По средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, украинскиот претседател Зеленски во говор пред безбедносната конференција ја отфрли можноста за договор без учество на Украина на преговарачката маса. Зеленски повика, во услови на како што оцени, постојана закана од Русија и неизвесност за поддршката од САД, Европа да создаде воени сили и иднината на континентот да зависи само од нив.

„ На Европа и требаат свои вооружени сили.... Украина никогаш нема да прифати договори направени зад нашиот грб. Без наша вклученост. И истото правило треба да важи секаде во ЕУ. Нема одлуки за Украина без Украина, нема одлуки за Европа без Европа....“ -изјави Влодомир Зеленски – претседател на Украина.

ВО 45 минутионт говор Зеленски посочи дека нема намера да го тргне од маса членоството на Укриана во НАТО, и покрај пораките од новото раководство во САД дека тоа е нереално. Шегувајќи се кажа и дека е загрижен бидејќи во момантов според него, НАТО е управувано токму од Путин.

„Нема да го повлечам членстовото на Укриана во НАТО од масата..... Но сега највлијателниот член на НАТО изгледа дека е Путин, затоа што излега има влијание да ги блокира НАТО одлуките. А тоа покрј фактот дека тоа беше украинската војска ја запре Русија, а не НАТО земја, не НАТО трупи, туку само нашите луѓе и нашата армија- -изјави Влодомир Зеленски – претседател на Украина.

Говорот на Зеленски доаѓа по синоќешната едночасовна средба на делегации од американска и украинска страна. Пред средбата, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кој одржа говор со кој ги критикуваше европските земји дека слободата им е загрозена од внатре, даде уверување дека новата американска администрација бара траен мир во Украина, а не привремено решение.

„Сакаме убивањето да запре. Сакаме да постигнеме вистински траен мир. Не некаков мир по кој ќе продолжи конфликтот во Источна Европа по неколку години.“ изјави Џеј ди Венс – потпретседател на САД.

Во меѓувреме Саудиска Арабија и официјално се понуди да биде домаќин на евентуалните преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Еден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. 

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит.

Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи.

Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции.

Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока.

Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени.

Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот.

Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени.

YouTube video

Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина.

Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Според информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA).

Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена.

Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“.

Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер