Минесота ќе бира прва на НБА драфтот

Тимот на Минесота ќе има можност прв да бира играч на НБА драфтот откако на лотаријата го доби бројот 1.

Ова ќе биде првпат по 2004 година тимот со најмногу шанси да го добие „првиот пик“. Минесота имаше најслаб биланс во тековната сезона во НБА лигата - 16 победи и 66 порази.

Во составот на Минесота веќе има два играча, кои беа број 1 на драфтот: Ендрју Вигинс и Ентони Бенет.

По Минесота во првата „петорка“ за избор се најдоа: Лос Анџелес Лејкерс (број 2), Филаделфија (број 3), Њујорк (број 4) и Орландо (број 5).

Потенцијални играчи за да бидат избрани како број 1 се: Карл-Ентони Томас, Џалил Окафор, Д‘Анџело Расел и Емануел Мудиај.

Драфтот ќе се одржи на 25 јуни во Бруклин. /МИА

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

притисни ентер