МакедонијаМинчев во Кичево: Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој.Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево. Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето: „Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити.“ - истакна Минчев. Средбите во овие две општини беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се: – иселувањето на младите – нефункционалната администрација – недостатокот на инфраструктурни инвестиции – потребата од децентрализација „Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив.“ - порача Минчев. Во таа насока, тој најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж. „Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат.” - додаде Минчев. Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница. Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повтпорно воодушеви со својот секси изглед. Црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“ – латиноамериканката повторно „гори“Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата латино дива. Таа се појави во атрактивно модно парче кое, пак, откриваше навистина многу... Мегапопуларната Џеј Ло веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, како со своите изјави за разводот од Бен Афлек, така и со атрактивните модни комбинации. Неодамна имавме можност да ја видиме во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, а сега нè изненади со уште една креација во „гола“ нијанса. Овој пат таа се одлучи за модни парчиња од тантела, но, судејќи според фотографиите, воопшто не се срамеше да ги истакне своите атрибути. Имено, во четвртокот, Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес, а за забавата по настанот се пресоблече во црн, проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, кое го откриваше нејзината долна облека. Тоалетата носи потпис на познатата модна куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизАнџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земјаХоливудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена. По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении. За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај. Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни. Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст. Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале. Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“. Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници. Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
АвтомобилизамВидео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците„Horch 930S“ од 1939 година е еден од најретките луксузни автомобили на светот. Има вграден мијалник со топла и ладна вода, седишта што се претвораат во кревет и V8 мотор.На прв поглед, изгледа како елегантен луксузен автомобил од 1939 година, но ова конкретно возило крие детал што би ги изненадил дури и денешните возачи. Станува збор за „Хорх 930S“ (Horch 930S) – автомобил опремен со вграден мијалник со топла и ладна проточна вода. Мијалникот се извлекува пред предниот браник, а топлата вода се обезбедува преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Да, да, добро прочитавте: автомобилот доаѓаше со вграден мијалник што можеше да се извлече пред предниот браник секогаш кога ќе се појави потреба. Особено интересно е решението за топла вода, која се загревала преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Ова им овозможувало на патниците во овој луксузен автомобил пристап до вода дури и за време на патувањето. Сепак, мијалникот е само еден од деталите што сведочат за големото внимание посветено на удобноста и практичноста. „Horch 930S“ имал врати што се отворале широко, без централен столб што би го попречувал влегувањето или излегувањето. Седиштата можеле да се спуштат за да се создаде простор за спиење, со што возилото станувало многу погодно за подолги патувања. Внатрешноста, исто така, привлекува посебно внимание. Контролната табла е изработена од полирано дрво и е збогатена со бројни хромирани детали, посебни тркалезни инструменти и часовник поставен во средината. Вратите имале хромирани рачки, додека панелите биле обложени со висококвалитетен текстил. Прозорците се отворале рачно, преку класичен механизам со рачка за вртење. Horch 930S поседуваше простран багажник, додека под хаубата се наоѓаше 3,8-литарски V8 мотор со моќност од приближно 92 коњски сили. Според денешните стандарди, ова можеби не изгледа импресивно, но мора да се земе предвид дека автомобилот потекнува од 1939 година – ера кога ваквите технички и луксузни карактеристики биле исклучително ретки. Токму поради овие причини, овој модел зазема посебно место во историјата на автомобилизмот. Произведени се само неколку примероци, што го прави Horch 930S еден од најретките луксузни автомобили од тоа време. И додека денешните производители се натпреваруваат во понудата на поголеми екрани, повеќе електронски системи и поудобни седишта, Horch – пред речиси 90 години – воведе концепт што и денес звучи неверојатно: автомобил опремен со сопствен мијалник и топла вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook