Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
МакедонијаМинчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрацијаМинчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува клучен столб на доброто управување и важен предуслов за унапредување на институционалната ефикасност и квалитетот на јавните услуги.Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија со институциите, граѓанскиот сектор и стручната јавност, со цел прибирање коментари, забелешки и предлози за понатамошно унапредување на реформскиот процес. Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува клучен столб на доброто управување и важен предуслов за унапредување на институционалната ефикасност и квалитетот на јавните услуги. „Ефикасната, транспарентна и одговорна администрација е темел на доброто управување, владеењето на правото и долгорочниот општествен развој. Нашата цел е јасна – да изградиме професионална, ефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација која ќе одговара на реалните потреби на граѓаните и деловната заедница“ истакна министерот Минчев. Тој посочи дека Министерството за јавна администрација континуирано работи на зајакнување на системот за управување со човечките ресурси во јавниот сектор и на воспоставување современа и професионална административна служба. Министерот се осврна на донесувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, кој создава основа за формирање Академија за јавна администрација. Како што беше истакнато, оваа институција ќе има значајна улога во континуираното унапредување на знаењата и вештините на јавните службеници и во зајакнувањето на професионалните капацитети на администрацијата. Истовремено, министерот нагласи дека Министерството работи на подобрување на координацијата и следењето на реформските процеси преку развојот на ИТ-алатка за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, со поддршка на ReSPA. „Оваа алатка ни овозможува во реално време да го следиме напредокот на реформите, да идентификуваме предизвици и да обезбедиме поефикасна координација меѓу институциите“ нагласи министерот. Беше потенцирана и важноста на законското решение за високата раководна служба, кое воспоставува професионален и транспарентен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во институциите, со што се зајакнува ефикасноста и одговорноста во јавниот сектор. „Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот во делот на реформата е видлив и конкретен“ додаде министерот Минчев. На јавната расправа беше нагласено дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во процесот на европската интеграција на Република Македонија. Министерството за јавна администрација информираше дека нацрт-Годишниот извештај за 2025 година е јавно достапен на системот Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР), со што се овозможува активно учество на сите засегнати страни во процесот на унапредување на јавните политики и реформата на јавната администрација. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компириВо вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook