Минчев: Мораме да го дестигматизираме терминот административец и да го трансформираме во професионалец во јавна служба - Канал 5

Минчев: Мораме да го дестигматизираме терминот административец и да го трансформираме во професионалец во јавна служба

Најважниот елемент во реформата на јавната администрација е човечкиот капитал, кој не е само ресурс, туку институционална меморија и лицето на државата пред граѓаните.

Минчев: Мораме да го дестигматизираме терминот административец и да го трансформираме во професионалец во јавна служба

Најважниот елемент во реформата на јавната администрација е човечкиот капитал, кој не е само ресурс, туку институционална меморија и лицето на државата пред граѓаните, вложувањето во знаење не треба да се гледа како трошок, туку како капитална инвестиција, која ќе ги зајакне институциите, ќе ја подобри услугата кон граѓаните и ќе придонесе во евроинтегративниот процес на земјава, беше потенцирано денеска на отворањето на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, организиран од Министерството за јавна администрација, во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција и Центарот за управување со промени.

Целта на дводневниот настан, на кој учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан и земји-членки на Европската Унија, е размена на идеи за зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и унапредување на системите за професионален развој во јавната администрација во насока на претстојното отворање на Академија за стручно усовршување, како посебен орган во состав на Министерството за јавна администрација, која ќе отпочне со работа на почетокот на 2027 година.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев во воведното обраќање на настанот потенцира дека трансформацијата на терминот административец во професионалец во јавна служба започнува со квалитетни програми и визија која ги надминува политичките циклуси.

- Оправданоста за основање на Академијата лежи во разбирањето дека професионалноста и капацитетот на службеникот се клучни за отпорноста на цела државна администрација. Покрај оваа клучна реформска агенда, законот исто така воведува систематизиран пристап кон градењето на капацитетите, односно централизирано управување со обуката за администрација. Задолжителна обука за лица кои за првпат се вработуваат како државни службеници и спроведување на испит по завршување на оваа обука. Исто така се воведува и стандардизација, а тоа е поставување на јасни критериуми за тоа кој спроведува обуки и методологија и како се спроведуваат обуките. Понатаму мерење на ефектите. Наместо само квантитет се фокусираме на квалитетот и влијанието на ученото врз работењето на службениците. Очекувањата од овој закон се високи. Очекуваме крај на импровизациите и почеток на една нова ера каде стекнатите знаења, вештини и покажаните резултати на службениците ќе бидат директно поврзани со нивното напредување во кариерата. Нашата задача е да создадеме култура на доживотно учење. Мораме да го дестигматизираме терминот административец и да го трансформираме во професионалец во јавна служба. Тоа започнува со квалитетни програми, соодветни обучувачи и визија која ги надминува политичките циклуси, рече Минчев.

Тој посочи дека фокусот, кога се зборува за јавната администрација, често се става на процедури, законски решенија или пак дигитализација на процеси, но, како што рече, вистината е дека ниту една реформа не може да успее без најважниот елемент, а тоа е човечкиот капитал.

- Во администрацијата човечкиот капитал не е само ресурс. Тоа е институционална меморија и лицето на државата пред граѓаните. Вложувањето во знаење не треба да го гледаме како трошок, туку како капитална инвестиција. За една земја кандидат за членство во Европската Унија, како што е нашата, ова е прашање на опстанок во новиот систем. Европските стандарди не се само правни рамки, тие се начин на работа кој бара компетентни, етични и високо обучени професионалци, истакна Минчев.

Тој посочи дека како држава којашто силно се залага за членство во Европската Унија, реформите не се спроведуваат само да се означат како исполнети барањата од Брисел, туку за да се изгради систем кој ќе биде компатибилен со европскиот административен простор, каде што службеникот е сервис, а не бариера за граѓаните.

- Нашите службеници денес се наоѓаат под огромен притисок. Од нив се бара брза адаптација на постојните законски измени, дигитална писменост во време на забрзана технологија, но и отпорност на политички влијанија преку професионален пристап. Овие предизвици може да ги надминеме со развој на капацитетите на службениците, што во крајна линија ќе придонесе за ефикасност наместо бирократија. Обучениот службеник не го следи слепо процесот, туку го разбира неговиот резултат. Знаењето носи компетентност и брзина, а со нив доаѓа и задоволството на граѓаните. Адаптација на промени, светот се менува со невидено темпо. Нашите академии мора да ги подготват службениците не за она што е администрацијата денес, туку за она што ќе биде за неколку години. Флексибилноста се учи преку континуирана едукација. Задржување на квалитетни кадри, во време кога приватниот сектор е силен конкурент, можноста за професионален развој е еден од клучните мотиви за најдобрите експерти да останат во државната служба. Луѓето остануваат таму каде што се чувствуваат вреднувани и каде што растат, порача Минчев.

Министерот истакна дека во насока на зголемување на ефикасноста на јавната администрација донесен е и пакет од четири клучни реформски закони - Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници и Законот за инспекциски надзор, со кои ќе се овозможи напредување врз основа на заслуги, поголема внатрешна мобилност и мерки за подобра мотивација и задржување на квалитетен кадар, особено во институциите вклучени во процесот на европска интеграција. Додаде дека Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници е основата за формирање на Академија за стручно усовршување, како посебен орган во состав на Министерството за јавна администрација, која ќе отпочне со работа на почетокот на 2027 година.

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер нагласи дека Франција е сериозно посветена на поддршката на реформата на јавната администрација во земјава и во регионот.

- Овој денешен настан е дел од годишната програма на РеСПА, но истовремено тој е вклучен и во билатералниот проект помеѓу Франција и Република Македонија за целосна поддршка на државата во нејзините напори за модернизирање на јавната администрација. Оваа заложба потекнува од минатата година кога господинот министер Минчев и јас потпишавме меморандум за разбирање помеѓу нашите институции. Првата цел на билатералниот проект беше да се поддржи фазата на подготовка за воспоставување на идната Академија за обука, како што кажа и министерот, и очекуваме да почне со работа на почетокот на 2027 година. Втората цел е да се обезбеди сеопфатен преглед на најдобрите практики во обуката на јавните службеници, не само врз основа на француското искуство, туку и искуството на други земји членки. Реформата на јавната администрација се наоѓа во сржта на процесот на пристапување кон Европската Унија и во тој поглед оваа реформа е главен столб во претпристапниот процес кон ЕУ, структурен елемент и значаен предуслов за рамката за преговарање, бидејќи е еден од главните бенчмаркови што треба да се отворат за Северна Македонија како земја кандидат за ЕУ, рече францускиот амбасадор.

Тој посочи дека и Франција е во фаза на реформи и трансформација на сопствената јавна администрација и нагласи дека реформирањето на јавните институции бара многу време, понекогаш е непопуларно, меѓутоа е многу важно да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции.

Заменикот-шефот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау истакна дека е потребно да се стави поголем фокус на моторот, кој е двигател на овој процес на зголемување на професионалноста на јавната администрација.

Нагласи дека јавните службеници треба да бидат компетентни, посветени и во тек со новите случувања. Тие треба да учат во текот на целата кариера, а тоа учење треба да биде практично преку обуки, менторство и фокус на практични вештини.

- Институциите за обука мора да бидат насочени кон вистинските потреби, да ја поддржат потребата за доживотно учење и да им овозможат на јавните службеници да ги усовршуваат своите вештини без да се наруши секојдневното функционирање при извршувањето на нивните задачи, порача заменик-евроамбасадорот.

Директорката на РеСпа, Маја Ханџиска Трендафилова ја истакна експертизата од Франција и нивната стратешка соработка со РеСПА, нагласувајќи дека од одамна станале модел и одличен пример за тоа како може билатералното искуство да се преточи во регионална јавна вредност со искористување, употребување на регионалниот пристап на РеСПА.

Напомена дека често пати институциите за обука се справуваат со недоволно ресурси, особено во процесите на управување со промени и дигитализација.

- Инвестирањето во капацитетите на институциите значи инвестирање во човечкиот капитал којшто е клучна алка во јавната администрација, но оди и подалеку од тоа. Не инвестираме само во јавните службеници, бидејќи ако успееме во смисла на екипирање на службениците со знаење, искуство, вмрежување, вредности, она што им е неопходно за справување со оваа комплексна средина на работа, но и во контекст на геополитичките случувања, тогаш ќе ги подобриме капацитетите на институциите подобро да им служат на граѓаните, нешто што ќе помогне и во нашиот евроинтеграциски пат, којшто е сонот и аспирацијата на нашата генерација и во регионот, нагласи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер