Минчев: Јавната администрација мора да биде место каде луѓето растат, придонесуваат и се чувствуваат добро - Канал 5

Минчев: Јавната администрација мора да биде место каде луѓето растат, придонесуваат и се чувствуваат добро

Министерството за јавна администрација ќе биде првата институција која се приклучува на програмата „Quintaum МАЦЕКС“. 

Минчев: Јавната администрација мора да биде место каде луѓето растат, придонесуваат и се чувствуваат добро

Со тоа покажуваме дека реформите не се само законски измени, туку и нов начин на размислување – администрација што ги слуша своите луѓе, ги вреднува нивните искуства и гради култура на припадност и мотивација, истакна денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на националната програма за сертификација „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“, организирана од Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени - МАЦЕКС, во партнерство со Вита Институт и глобалната методологија Quintaum.

Настанот, како што информира ресорното Министерство, ги обедини претставниците на јавниот и приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество, а присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.

Министерот Минчев нагласил дека промените во администрацијата почнуваат одвнатре, преку слушање на гласот на вработените и мерење на нивното вистинско искуство. Тој се осврнал и на соработката со Република Словенија, истакнувајќи дека токму ова партнерство претставува силен поттик за развој на современи политики во управувањето со човечки ресурси и организациска култура.

- Со Словенија воспоставивме вистинско партнерство - преку Меморандумот за соработка меѓу двете министерства, а дополнително со учеството на Амбасадата на Република Словенија во програмата, отвораме ново поглавје на размена на знаења, искуства и добри практики. Тоа е најдобриот доказ дека оваа иницијатива има европска димензија и кредибилитет, потенцирал Минчев.

Според него, јавната администрација не е изолирана структура, туку жива организација што се развива со луѓето и за луѓето. - Нашата цел е да изградиме јавен сектор што инспирира, а не само функционира. Сектор што е силен, човечки и достоен за довербата на граѓаните, изјавил Минчев.

Програмата „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“ претставува иновативен пристап за мерење и подобрување на искуството на вработените во јавниот и приватниот сектор со цел создавање на повеќе мотивирана, посилна и човечка администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница.

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а финансиран и самостојно изграден од страна на финансиското друштво Flex Credit, како дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност.

Оваа нова инфраструктура, е дизајнирана да ги подобри условите за живот на животните, но и да стане составен дел од редовната едукативна и забавна програма на Скопје ЗОО. Со ова, посетителите – особено најмладите, ќе добијат можност одблиску да се запознаат со желките во средина која ги исполнува сите современи стандарди.

За менаџментот на Flex Credit, овој проект е потврда дека вистинската грижа за заедницата се мери преку видливи и одржливи дела.

„Овој значаен јубилеј на Зоолошката градина нè потсетува колку е важно да ги негуваме и поддржуваме местата што имаат непроценлива вредност за сите генерации скопјани. Токму затоа, со огромно задоволство одговоривме на барањето на ЗОО Скопје. Нашата цел со оваа инвестиција е директно да придонесеме во подобрување на условите, да го поддржиме развојот на институцијата и да создадеме поубаво и поедукативно искуство за сите посетители – особено за децата. Затоа што за Flex Credit, општествената одговорност никогаш не била само зборови, туку конкретна акција на терен,“ изјави Тина Трпковска, Маркетинг директор на Flex Credit.

Новата куќичка за желки од денеска е официјално отворена за сите посетители, збогатувајќи ја содржината на Скопје ЗОО во годината на нејзиниот голем јубилеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ракопис за кралот Артур и волшебникот Мерлин ќе биде понуден на аукција

Средновековен ракопис што претставува рана верзија на приказните за кралот Артур и волшебникот Мерлин, кој е во приватни колекции околу 700 години, ќе биде понуден на аукција ова лето, објави CNN.

Ракопис за кралот Артур и волшебникот Мерлин ќе биде понуден на аукција

Што го прави посебен? Еден од најраните ракописи за Артур напишан на старофранцуски, украсен со златни листови и илустрации. Беше во приватни колекции.

Илуминарниот ракопис, кој датира од 13-ти или 14-ти век, е еден од најраните документи што ја опишуваат легендата за кралот Артур и потрагата по Светиот Грал, и се очекува да достигне цена од 2,7 милиони долари.

Напишан помеѓу 1290 и 1310 година, ракописот, наречен Грал Клермон-Тонер, е најважниот дел од претстојната јулска аукција на вредни книги и ракописи на Кристи.

Томот содржи текст на старофранцуски јазик од серија позната како циклус Ланселот-Грал и се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 2 и 2,7 милиони долари. Еугенио Донадони, директор на средновековни и ренесансни ракописи во Кристи, рече дека ракописот е напишан на пергамент и украсен со златни листови.

Ракописот содржи 126 раскошни илустрации на легендата што предизвика безброј книги, филмови и академски дебати, објавува Euronews.

YouTube video

Меѓу цртежите има некои што го прикажуваат волшебникот Мерлин како менува облици, додека други прикажуваат приказни за кралот Артур и неговите витези. Ракописот никогаш не бил јавно изложен или проучен детално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија.. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа.

Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер