3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
МакедонијаМинчев: 40% од административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев, порачувајќи дека администрацијата не смее да биде заштитена зона. Според него, формирањето на министерството за јавна администрација, не била само бирократски потег туку политичка порака дека веќе нема да има место за партиски вработувања и нефункционални институции. Во обраќањето по повод отчетот на министерството со кое раководи, Минчев посочи дека во секоја јавна институција постојат три различни групации кои работат со различен степен. Најави дека ќе бара начин како сите да се вклучат во работниот процес. -Тоа е мислам горе доле исто во сите институции. Една групација од 25, 30 проценти која го носи теретот на институцијата и работи нон стоп. Втората групација некаде 25 до 30 проценти која е вклучена во процесот, но не го дава максимумот и третата групација која е 40 проценти и е резултат на партиски етнички роднински врабтоувања не работи ништо или се обидува да не дојде на работа. / Овие кои што не работат сакаме да ги вратиме во прцоесот да ги едуцираме, да ги обучиме по нивна волја демократски да одберат каде да дадат допринос. Што значи нема веќе плата ако не работиш,- - Горан Минчев – Министер за администрација. Минчев посочи и дека ќе има три нивоа кои ќе мора да се поминат за вработување во јавната администрација. Од клучните преземени мерки ја издвои корекцијата на балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор, и кажа дека вработувањата во администрациајта треба да се води според резидентното население. Прашан пак, за оптимизацијата на бројот на вработени во администрацијата, Минчев одговори дека поради висината на платата, се помал е интересот за работа во администрациајта. -Поради висината на платата која мораме да кажеме дека е несоодветна и мала се соочуваме да немаме интерес за вработување на млади во јавната администрација. Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар и ќе дојдеме во ситуација во наредните 5 до 10 години да нема кој да работи,- - Горан Минчев – Министер за администрација. Министерот најави и дека законските решенија кои произлегле од како што кажа, јавните консултации се веќе во завршна фаза во Собранието. Реформата на јавната администрација и намалување на бројот на вработени инаку, до сега редовно се нотирани во сите извештаи на Европската Комисија за земјава. Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00