Минатогодишниот евровизиски победник ја навреди претставничката на Израел - Канал 5

Минатогодишниот евровизиски победник ја навреди претставничката на Израел

Салвадор Собрал, минатогодишниот победник на „Песна на Евровизија“, изјавил за португалските медиуми дека израелската песна ја смета за “ужасна“, па предизвикал лавина коментари од останатите учесници.

Минатогодишниот евровизиски победник ја навреди претставничката на Израел

Салвадор изјавил дека жали што ништо не се променило од минатата година, а израелската песна ја смета за “ужасна“, а останатите не сакал ни да ги слушне.

„Јутуб мислеше дека ќе ми се допадне израелската песна. Ја отворил и беше ужасна. За среќа, оваа година не морам ништо да слушам“ – изјавил.

Јасно е дека тоа предизвика критики кај минатогодишните, но и овогодишните учесници.

Претставничката на Израел, Нета му одговори со мирољубив тон.

„На Салвадор му ја испраќам сета љубов, но и на уметниците од сите жанрови. Обостраното почитување и различноста во соработките е она што и треба на Евровизија сега“ – напишала на социјалните мрежи.

Жан Худек, кој ја претставуваше Хрватска на Евровизија минатата година, му одговори, но многу поостро од Нета:

„Засрами се Салвадоре, засрами се! Дали така треба да зборува еден победник на Евровизија? Толку многу се трудеше да се претставиш како хуман човек, вистински уметник и можеби ја измами цела Европа, но не и мене! Сакам да ти кажам нешто Салвадор – минатата година кога ги пропушти сите проби и кога твојата сестра ги обработи за тебе – Евровизиската комисија требаше да те суспендира! Тоа беше ужасно непрофесионално и екстремно нефер спрема сите нас кои вложивме голем труд. Дури и во победничкиот говор беше непристоен кон нас, твоите колеги – но, сега си уште понепријатен со тоа што ја навредуваш израелската претставничка Нета и нејзината песна, тоа е невидено! Генерализирањето е неприкладно, а посебно неџентлменски од твоја страна. Сите тие млади уметници имаат свои сништа и моментално се под голем притисок, па кој си ти да фрлаш сенка врз нив?“ – заклучил Жак во својот пост на Фејсбук.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела

-Во текот на изминатата недела, Русија ја нападна Украина со приближно 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 наведувани авионски бомби и 165 ракети од различен тип, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела

Овие напади погодија дваесет украински региони.

Зеленски предупреди дека руските сили ги засилуваат нападите врз енергетската и другата критична инфраструктура, додека температурите опаѓаат. Оштетувањата на електроенергетската мрежа оставија многу жители без електрична енергија, вода или греење.

Украинскиот претседател особено укажа на недостигот од пресретнувачки ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои се клучни за пресретнување на руските балистички ракети.

„Во вакви околности, особено е тешко да се разберат доцнењата во испораката на средства за одбрана од балистички ракети за Украина“, наведе Зеленски во објава на „Телеграм“.

Тој го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракети за системите „Патриот“, кои сојузниците на Украина веќе ги платиле преку програмата PURL на НАТО. Оваа програма им овозможува на европските и другите партнери да го финансираат купувањето американско оружје за Украина.

„Од витално значење е Америка да го одобри трансферот на ракети за системите ’Патриот‘, кои нашите партнери веќе ги платиле преку програмата PURL“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина мора да ја зајакне својата противвоздушна одбрана.

Зеленски изјави дека значителен дел од ракетите со кои Русија ја нападна Украина во текот на изминатата недела биле балистички. Меѓу нив, тврди тој, имало и ракети произведени во Северна Кореја.

Еден од најтешките напади во изминатата недела се случи на 20 ноември, кога руски балистички ракети погодија три главни моста преку реката Днепар во Киев, предизвикувајќи сериозни прекини во сообраќајот.

Погодени беа мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и Јужниот мост, кои ги поврзуваат двете страни на украинскиот главен град. Поради оштетувањата, градските власти беа принудени да го затворат или ограничат сообраќајот на неколку од овие премини.

Руските напади, исто така, оштетија енергетска инфраструктура и станбени објекти. Зеленски предупредува дека, без дополнителни системи за противвоздушна одбрана и ракети, Украина тешко ќе успее да ги запре последователните бранови на напади со балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест

Сите летови на белгиските аеродроми утре ќе бидат откажани поради националниот протест против политиките на федералната влада.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел -  откажани сите летови поради националниот протест

Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби.

Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот.

Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет.

Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш.

Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат.

Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ.

Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број.

Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер