Минатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на Центар - Канал 5

Минатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 9-ти до 15 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Минатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на Центар

Како што велат ој ова јавно препријатие, за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

-Затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од ЈП ПОЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над илјада луѓе во Европа се заразени со западнонилска треска

Повеќе од илјада локално стекнати инфекции со Западнонилскиот вирус се пријавени низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренос оваа година, според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Над илјада луѓе во Европа се заразени со западнонилска треска

До 3 септември, вкупно 1.086 случаи се регистрирани во 15 земји, соопшти агенцијата во своето последно неделно ажурирање во петок. Бројот нагло се зголеми во последните недели. На почетокот на август, малку повеќе од 240 случаи се пријавени во седум европски земји. Италија регистрираше најмногу случаи, 516, по што следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88.

Вкупно 144 области низ Европа беа погодени, вклучувајќи 62 во Италија, иако ECDC предупреди дека бројките не ја даваат целосната слика. Вирусот Западнонил главно се шири преку комарци меѓу дивите птици, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето.

Според германскиот Институт Роберт Кох (RKI), околу 20 проценти од заразените лица развиваат болест слична на грип, додека само околу еден од 100 се разболува сериозно. Западнонилската треска обично се повлекува без компликации, иако долгорочните последици се релативно чести кај пациентите кои развиваат тешка болест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата.

ВЛЕН ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел

Една година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. 

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел

Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени.

Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта.

Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици.

А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини.

Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер