ЖивотМинатата година во државава идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои шест деца Жртвите претежно се женски со исклучок на едно машко дете. Во државава минатата година биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои 39 по потекло од Тајван, а останатите девет биле деца, посочи денеска заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на онлајн-конференцијата по повод Европскиот ден на жртвите од криминал, 22 февруари, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис". Андоновски информира дека од деветте жртви на трговија со луѓе од земјава, три се деца од Скопје, две возрасни лица од Велес, една постара жртва од Русија и по едно дете од Куманово, Кичево и Прилеп. – Жртвите претежно се женски со исклучок на едно машко дете. Местото на експлоатација на овие девет жртви се различни локации низ повеќе градови на територијата на земјава. Конкретно, во Скопје едно лице, едно лице во скопскиот регион и по едно лице во Прилеп, Струга, Велес и Гостивар. Исто така, во текот на 2021 година идентификувани се и две наши државјанки кои биле експлоатирани во Белгија и БиХ. Во однос на родова застапеност, повеќето жртви се жени или девојчиња, кои најчесто се жртви на двојна, комбинирана експлоатација – сексуално искористување и трудова експлоатација. Во изминатата деценија, за одбележување е континуирана појава на договорни или присилни бракови кај децата, која продолжува, посочи Андоновски. Тој додаде дека народниот правобранител во функција на Национален известувач за трговија со луѓе илегална миграција констатира дека проактивно идентификување на жртви на трговија со луѓе во РМ е клучен предизвик, бидејќи само идентификуваната жртва можно е да се здобијат со ефективна и ефикасна заштита и да се спречи и нивна понатамошна ре-виктимицазија. – Адекватната заштита на жртвите на трговија со луѓе подразбира сеопфатени итни и долготрајни услуги како што се: безбедно сместување, медицинска и правна помош, пристап до образование, вработување, доквалификација, домување итн, рече Андоновски. Тој истакна дека во однос на формите на експлоатација во најголем дел се работи за сексуална експлоатација, која најчесто се врши во угостителски објекти и ноќни клубови, потоа трудовата експлоатација која се врши преку присилна работа во угостителските објекти, комбинирана со сексуална експлоатација, и трудова експлоатација за потребите во земјоделието, сточарството и преку присилно питачење, како и присилните бракови како форма на експлоатација кои истовремено се комбинирани со сексуална и трудова експлоатација. – Во однос на профилот на жртвите се констатира дека најчесто се работи за женски деца од ранливите категории, кои станале жртви на трговија поттикнати од различни општествени, економски и социјални фактори, како: сиромаштијата, половата дискриминација, семејното насилство и други лични состојби на жртвата, како што е возраста, здравствената состојба, посебни потреби и сл, рече тој. Андоновски препорачува дека треба да се работи на подигнување на јавната свест, при што се неопходни континуирани кампањи и медиумска покриеност и инфомирање на граѓаните преку социјалните мрежи, со цел граѓаните полесно да препознаваат шеми за трговија со луѓе или илегална имиграција. Според него, неопходно е и зголемувањето на теренска работа на сите релевантни субјекти со цел проактивната идентификација на жртвите и деца жртви, која овозможува навремена идентификација на терен, упатување, помош и поддршка, соодветно сместување и нивно навремено вклучување во реинтеграциски процеси. – Потребен е и зголемен ангажман и присуство на здравствените работници во идентификација на потенцијални жртви на трговија со луѓе/прелиминарна идентификација, како и проактивен пристап во идентификацијата на случаи на присилно питачење на децата, како ранлива категорија за трговија со луѓе. Финализирање на постапката за формирање на Оперативниот тим за координација и управување со случаи на ТЛ, со што ќе се придонесе во зајакнување и координација помеѓу вклучените страни во однос на идентификацијата на жртви на трговија со луѓе, рече заменик-народниот правобранител. Извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, рече дека Комитетот директно не работи со жртвите на трговија со луѓе, туку ранливи категории потенцијални жртви на трговија со луѓе. Таа посочи дека во текот на бегалската криза, Хелсиншкиот комитет беше присутен на терен и добиваше информации за случаи на мигранти кои мистериозно исчезнувале, особено во делот на Табановце за кои потоа неофицијално дознале дека станале жртви на трговија со луѓе. – За овој феномен ако треба да дадам осврт колку државата направила од аспект на легислативата, институциите…, заклучокот е дека горе долу добро стоиме кога станува збор за тоа. Но, сепак Македонија во извештајот на Стејт департментот е констатирано дека е држава којашто не ги исполнува минималните стандарди, за да може да се справува со овој феномен, оцени Пировска. Според неа, на оние кои им е дадена задача да го спроведуваат законот, тоа не го прават на начин на кој би довел до позитивен исход. – Не работиме директно на жртви на трговија со луѓе, но со оние луѓе кои се потенц жртби – жени, жени жртви на сем насилство кои поради насилството, деца Роми питачи, лица со порпеленост, сексуални работнички, текстилни работнички, сите оние со кои ХК работи на пружање минимална заштита. Според неа, државата и покрај тоа што ги има сите неоопходни струкруити да го прави тоа не води сметка за ранливите групи кои стануваат жртви на трговија со луѓе и оти како земја се соочуваме со феноменот на неказнивост што влијае одредени кривични дела и феномени да остануваат на ниво на неможност да се справиме со тоа. – Жените жртви на сексуално насилство се двојни жртви, судиите одлучуваат промптно за родово базираното насилство, насилчникот останува во заедничкиот дом, со што таа станува жртва на многу кривични дела, а едно е трговија со луѓе, поради тоа што генерална оценка е тоа што жените се во социјален ризик поради положбата да се грижат сами за себе и многу ретко пријавуваат дека се жртви на таков криминал, рече таа. Пировска децидна дека не треба само да се воспоставуваат формални тела, туку тие треба да одговорат на работата за којашто се поставени. Јасмина Рајковска, извршна директорка на „Отворена порта / Ла страда", рече дека организацијата 20 години работи на феноменот справување на трговијата со луѓе, со цел да се обезбеди рана идентификација на потенцијалните жртви на трговија со луѓе и да се обезбеди поддршка, помош и заштита на потенцијалните жртви на трговија со луѓе. – Старосната граница на жртвите на трговија со луѓе е намалена, најголем број се жени но во изминатата година се деца на возраст од 12 до 18 години, и токму затоа посебен фокус на оваа програма е директен контакт на децата со младите, на врсничка едукација, дистрибуција на превентивни материјали меѓу младите и децата, посочи Рајковска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27