3ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба
МакедонијаМинатата година инспекциските служби на АХВ спроведоа над 125 илјади контролиИзречени парични казни од 618 илјади евра.Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбеднсот на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните. Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик. Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните. Во рамки на овие контроли, одземена и нештетено уништена беше небезбедна храна (месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци) во вкупна количина од 355 377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност. Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спроведоа 78 016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни. Како небезнедни уништени беа 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69 785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник. Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени беа три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22 061 килограми. Во истиот временски период како небезбедни вратени беа 16 пратки со храна од животинско потекло.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПретрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин!Извршен е претрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин! Медиумите известуваат за дрога и нацистички симбол! Берлинското јавно обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес во домот на соработник на Кристин Бринкер – главниот кандидат на десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) на изборите во Берлин – пет дена пред одржувањето на изборите. Четириесет и осумгодишното лице е осомничено за кршење на германските закони за експлозиви и оружје, соопштија од обвинителството. Во вторникот, полицијата извршила претрес врз основа на судски налог во берлинската населба Лихтерфелде, изјави портпарол на јавното обвинителство како одговор на новинарско прашање. За случајот претходно известија весниците „Билд“ (Bild) и „БЗ“ (BZ). Од обвинителството соопштија дека не се пронајдени докази што би ги поткрепиле сомневањата. Сепак, полицијата заплени други предмети пронајдени при претресот. Тие сега мора да бидат подложени на форензичка анализа за дополнително да се утврди нивното значење во контекст на кривичното право, наведоа од обвинителството. Според медиумските извештаи, истражителите во неговиот дом пронашле дрога и нацистички предмети. Засега, тоа тврдење треба да се припише на медиумските извештаи, бидејќи обвинителството јавно не ги потврдило конкретните наоди. Портпаролот на AfD, Роналд Глазер, го опиша случајот како „приватна работа“. – Го чекаме исходот од истрагата – рече тој. „Билд“ (Bild) ја пренесе и изјавата на Кристин Бринкер. – Никогаш немав никакви индиции дека тој застапува такви ставови. Тој едноставно е колекционер.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБаерн Минхен убедлив против Унион Берлин, 100 гол на Кејн за „Баварците“Фудбалерите на Баерн Минхен со „седмица“ дојдоа до победа против Унион Берлин, Кејн го постигна 100-тиот гол за БаварцитеФудбалерите на Баерн синоќа го декласираа Унион Берлин со убедливи 7:0 во четвртото коло од Бундеслигата. Џамал Мусијала погоди во 18. минута и покажа дека болеста е зад него, а потоа Хари Кејн од пенал во 39 минутаго постигна јубилејниот, својот 100-ти гол за Баварците. Кејн повторно се запиша во листата на стрелците во 54. минута, Мајкл Олисе постигна хет-трик (во 43., 73. и 76. минута), а Исмаил Саибари погоди во 70. минута. Баерн е лидер на табелата со 10 бода.Тагови: Баерн М. Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветРубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“ Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Држави и за американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никаков трошок за американските даночни обврзници“, изјави Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X). Како што наведе тој, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе го спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзината околина. „Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата за нашата национална безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што наведе, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и други прашања поврзани со Гренланд. Според него, договорот предвидува дека ниту еден противник на САД нема да може да воспостави база или воено присуство, ниту пак да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд, без изречно писмено одобрение од Вашингтон.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook