Мина е најголемата љубов и критичар на Валверде - Канал 5

Мина е најголемата љубов и критичар на Валверде

Уругвајската фудбалска ѕвезда Федерико Валверде (27) го постигна својот прв „хет-трик“ за Реал Мадрид и тоа на волшебен начин на шампионското дерби против Манчестер Сити.

Мина е најголемата љубов и критичар на Валверде

Уругваецот го уништи Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (3:0) во рок од 22 минути. Сега ужива во славата, сите зборуваат за човекот кого целиот свет го презираше, многумина се прашуваа како и зошто му ја дадоа капитенската лента на „кралскиот клуб“.

Тој молчеше и страдаше, единствената поддршка што ја доби беше неговата сопруга, Мина Бонино (32), аргентинска спортска новинарка, која е и негов најголем критичар но и најголема љубов.

Двојката се запознала преку социјалните мрежи во 2019 година. Валверде, тогашен играч на Реал, ѝ испратил порака на Инстаграм.

Иако Мина, која е пет години постара, на почетокот се двоумела, по неколку месеци преписка решила да ризикува.

Купила авионска карта и отпатувала од Аргентина до Мадрид за да можат да се сретнат. Само два месеци подоцна, донела одлука што ѝ го променила животот.

Дала отказ од работа, ги спакувала куферите и се преселила во Шпанија.

Поради него, Мина оставила успешна кариера и се преселила на друг континент, и заедно ја надминале животната драма што би скршила многумина. Најголемиот предизвик со кој се соочиле се случил за време на втората бременост на Мина.

По тестовите во 14-тата недела од бременоста, лекарите им ја соопштиле ужасната вест: резултатите укажувале на трисомија „некомпатибилна со животот“ и тие верувале дека ќе го изгубат детето, но тоа не се случило.

Пред да стане позната како партнерка на ѕвездата на Реал Мадрид, Мина Бонино беше почитувана личност во аргентинските медиуми. Родена во Килмеш, таа дипломирала спортско новинарство и изградила кариера како водителка и новинарка.

Двојката се венчала во 2022 година на приватна церемонија, а денес се родители на два сина, Бенисио и Баутиста. Неодамна открија дека очекуваат ново дополнување на семејството. Тоа ќе биде уште еден негов „хет-трик“, веднаш надвор од теренот.

Нејзината страст кон спортот остана иста, а на социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од милион луѓе, таа стана позната како најгласен поддржувач на Федерико, но и објективен критичар. Нејзиното мислење е толку важно што самиот тој се консултираше со неа за одлуката да го преземе дресот со број 8 од легендата Тони Крос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

СДСМ:  Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби.

Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.

Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.

Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.

Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.

Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.

Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.

Тоа е арамиска власт.

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.

Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%.

Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер