Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
2Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
НБАМилвоки избори плеј-оф Поразот на Детроит од Филаделфија (108:115) значеше и крај на шансите за Пистонси да играат во плеј-офот, а од друга страна го промовира Милвоки во последен патник од Источната конференција во втората фаза од НБА лигата. За Милвоки ова ќе биде второ учество по ред во плеј-офот, лани беше елиминиран во првиот круг од Торонто (2-4). Во моментов Милвоки е на делба на седмата позиција со Вашингтон со ефект 42 победи и и 36 порази. До крајот на лигашкиот дел тимот ќе одигра уште четири натпревари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаТрајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија. „Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот. Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт. Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата. „Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб. Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица. Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата. Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕвропаРуски напад со дронови среде сообраќајниот шпиц кај Киев, има загинати (ФОТО)Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во напад со руски дрон што утринава погоди колона возила во областа Холосиевски во Киев.Локалните власти ја потврдија информацијата, објавува Киев Индепендент. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека дронот се урнал во близина на бензинска пумпа. Украинската државна служба за вонредни ситуации објави детали за жртвите и рече: „Непријателот повторно цинично напаѓа цивили. Зад секој таков удар стојат човечки животи, болка и уништени судбини.“ Обвинителството на Киевската област објави фотографии од местото на нападот, на кои се гледаат неколку запалени автомобили по автопатот Киев-Одеса. Обвинителството соопшти дека започнало истрага за инцидентот за кршење на законите и обичаите на војување. Украинските служби за вонредни ситуации објавија уште еден напад што се случил порано тоа утро. Три лица загинаа, а најмалку шест други беа повредени во напад врз производствен и магацински објект во Обухив, град јужно од Киев. Гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите се две жени и еден маж. Тој додаде дека пожарот во погодениот објект е изгаснат. Через російську атаку на автодорозі Київ–Одеса загорілися дві легкові автівки! Троє людей загинули, ще четверо травмовані! Ворог вкотре цинічно атакує цивільних людей. За кожним таким ударом — людські життя, біль і зруйновані долі. https://t.co/rdba2ZAYWV — DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 20, 2026 Според соопштението на украинските воздухопловни сили, Русија ја нападнала Украина со 165 беспилотни летала „Шахед“ и други беспилотни летала во текот на ноќта меѓу 19 и 20 октомври. Од нив, 105 биле со млазен погон. Воздухопловните сили соопштија дека 115 руски беспилотни летала биле соборени или електронски неутрализирани на 30 локации, од кои 73 биле со млазен погон. Киев и другите градови се повеќе се цел на беспилотни летала со млазен погон, кои беа поретки минатата зима. Овие авиони се побрзи и летаат на поголеми височини од постарите руски модели со пропелер, што ги прави потешки за пресретнување од страна на украинската воздушна одбрана.Тагови: дрон Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50