Милвоки е четвртиот конференциски победник во историјата на НБА кој доживеа елиминација - Канал 5

Милвоки е четвртиот конференциски победник во историјата на НБА кој доживеа елиминација

Милвоки е четвртиот конференциски победник во историјата на НБА кој доживеа елиминација во првото коло во плејофот.

Милвоки е четвртиот конференциски победник во историјата на НБА кој доживеа елиминација

Екипата на Милвоки е елиминирана од Мајами во осминафиналето од плејофот во НБА-лигата. Бакс се четвртиот победник во својата конференција кој не го помина првиот филтер и првиот тим во историјата кој ја загуби серијата од осмиот носител во само пет натпревари.

Бакс ја завршија регуларната сезона 2022/23 на првото место со скор 58-24 (победи-порази), но загубија од Мајами во првото коло од плејофот со 1:4.

Рано утрово во петтиот натпревар од серијата Мајами победи на теренот на Милвоки со 128:126 по продолжение.

Претходно, само Чикаго (2012 година, 2-4 против Филаделфија), Сан Антонио (2011 година, 2-4 против Мемфис) и Далас (2007 година, 2-4 против Голден Стејт) загубија откако беа први во своите конференции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување

Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .

Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување

Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина.

Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат.

Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка.

Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени.

Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија.

Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада.

Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

Два дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, односно утре, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. 

Од утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

Причината, велат од ЕСМ, е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени, со што се исполнуваат условите за испорака на топлинска енергија.

- Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер