Милсап ја заврши кариерата

Кошаркарот Пол Милсап се повлече од кошарката по 16 сезони во НБА.

Милсап, беше 47. пик на драфтот во 2006 година. Тој ја помина својата кариера во Јута, Атланта, Денвер, Бруклин и Филаделфија. Последен пат играше во НБА за Бруклин и Филаделфија во сезоната 2021/22, пренесува „ESPN“.

Триесет и деветгодишниот Милсап е еден од осумте играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој достигна 500 тројки, 1.000 блокади и 1.000 украдени топки.

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот мандат

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот нов мандат.

Криптовалутата, објавена од Доналд Трамп на крајот на минатата недела, денеска ја зголеми својата цена за 73 отсто на 46,06 долари и пазарна капитализација од над 9 милијарди долари.

Позната како $TRUMP, таа достигна пазарна капитализација од 9,2 милијарди долари.

Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето на неуспешниот обид за атентат врз него во јули минатата година.

Дури и играчите на пазарот на криптовалути беа изненадени од лансирањето на токенот, јавија американските медиуми.

Трамп вети дека ќе биде „криптопретседател“ и се очекува да издаде извршни наредби насочени кон намалување на регулаторните пречки и промовирање на широко усвојување на дигитални средства. Изгледите за олеснување на регулативата во секторот беше дочекана со ентузијазам од индустријата и го поттикна брзиот пораст на цените на биткоинот по изборната победа на Трамп во ноември.

По новоизбраниот американски претседател, неговата сопруга Меланија исто така објави свое меме за криптовалута. Токенот на идната прва дама се вика $MELANIA.

Перез реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година

Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година, официјално соопштија од клубот. 77-годишниот бизнисмен беше единствениот кандидат за функцијата.

Во соопштението на актуелниот шпански и европски шампион се вели: „Со само една кандидатура објавена од страна на избирачкиот одбор и во согласност со член 40, дел Ф, точка 2 од сегашниот статут на клубот, Флорентино Перез е прогласен за претседател на Реал Мадрид“.

Перез ќе го започне својот петти последователен мандат на чело на гигантот од Ла Лига и вкупно седми. Тој беше претседател во периодот 2000-2006 година, а во 2009 година го започна вториот мандат.

Кралскиот клуб објави и нов одбор на директори.

Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

Конан О'Брајан ќе биде водител на 97-то доделување на „Оскарите“, коешто ќе се одржи на 2 март оваа година. 

Оваа информација ја потврдија извршниот директор и претседателката на Академијата за филмски уметности и наука во САД, Бил Крамер и Џенет Јанг, пренесува „Н-1“.

„Конан е совршената личност за оваа улога, благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето ТВ-програми... Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на извонредните филмови и творци од оваа година“, се вели во соопштението.

На оваа вест реагираше и самиот О'Брајан.

- Америка тоа го бараше и сега тоа се случува. А, во другите вести: Јас сум домаќин на „Оскарите“!, изјави комичарот во свој стил.

Во јули претходната година беше објавено дека Џими Кимел, кој претходно четирипати ја водеше свечената емисија, одлучил да не биде домаќин на овогодишната свеченост.

Конан О'Брајан, роден 1963 година, е американски ТВ-водител, комичар, сценарист и продуцент, можеби најпознат како водител на својата емисија „Конан“ којашто се прикажуваше од 2010. до 2021 година. Пред да стане водител, О'Брајан работел како сценарист на популарната емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), како и на цртаната серија „Симпсонови“ - од 1991 до 1993 година.

О'Брајан стана водител на „Доцна навечер“ (Late Night) во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше. Потоа го водеше ноќното шоу цели 22 години. Познатиот водител е оженет со Елизабет Пауел со која има две деца - син и ќерка.

притисни ентер